ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи – Томан: Економската и политичката соработка со Чешка значајна за европските интеграции на земјава

October 14, 2020 12:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поттикнување на соработката меѓу деловните заедници од двете земји со цел интензивирање на трговската размена и создавање бизнис партнерства со кои македонските фирми би влегле во синџирите за набавки на мултинационалните компании и би ја подигнале својата конкурентност и обем на производство, беше една од темите за кои денеска разговараа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и чешкиот амбасадор Мирослав Томан.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Битиќи, беше оценето дека постои голем потнцијал, но и големо поле на можности за унапредување на економската соработка, а земјоделството, железничката и гасоводната инфраструктура, управувањето со водните потенцијали, заштитата на животната средина и енергетиката беа посочени како сектори за кои подетално би се дискутирало на наредната седница на мешовитата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.

-Битиќи и Томан  разговараа за продолжување на континуитетот на успешната економска и политичка соработка меѓу двете земји и за можностите за продлабочување на соработката меѓу македонските и чешките компании. Вицепремиерот Битиќи потенцираше дека поддршката од Чешката Република и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија и дека посветено ќе работи соработката помеѓу двете земји да се унапредува постојано. Тој нагласи дека нашата земја треба да ги користи искуствата на земјите членки од ЕУ, за спроведување на потребните реформи за членство во Унијата и креирање на подобри услови за живот на граѓаните, стои во соопштенито.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Томан се согласија дека многу од активностите кои се планираат во наредниот период зависат од развојот на здравствената и социо-економската криза предизвикана од коронавирусот, сепак ќе го вложат својот максимум економската соработка постојано да бележи позитивен тренд.

Next Post

Утре нов влажен бран со обилни врнежи во северозападните делови од земјата

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk