Над 85 отсто од починатите имале други болести и биле на возраст над 60 години.. Таа е најкритична и најризична група. Има и пациенти кои доцна доаѓаат во болница и со лоши параметри и веднаш треба да се приклучат на респираторна машина, изјави министерот Венко Филипче за Сител.
Доклку се преполни „8 Септември“ подготвени се, рече Филипче, да пренаменат и други капацитети за оваа болница да не стане КОВИД-центар и за да може да функционира вообичаено. Одговорно тврди дека место на Инфективна има – во модуларната или во одделенијата на самата Клиника, има подготвен персонал и дека ниту еден пациент не смее и не се одвраќа.
Рече дека не недостасуваат доктрои и сестри, има списоци за ротации на медицнски персонал, а ќе се вклучат студенти од шеста година за да им помагаат на епидемилозите во правење на анкетите.
-На секој на кој му е потребна брза дијагностика може веднаш да дојде во болница, тука има брзи тестови, а исто така и на Институтот за јавно здравје. Секојдневно ги пратиме термините, дополнително дополнуваме таму каде што се потребни, верувам дека со брзите тестови ова значајно ќе се смени, рече Филипче.
За чекањето по неколку дена за тестирање кое го закажуваат матичните лекари рече се очекува да се надмине со брзите тестови и најави донација на 7500 кои треба да дојдат во наредните десетина дена, а исто така ќе се набавуваат и со заем од Светска банка.