ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зеќир Рамчиловиќ – нов потпретседател на Собранието

Со 62 гласови „за“ и 12 „против“ независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Изборот е направен во рамките на денешната работа по дневниот ред на 116-тата седница чие продолжение претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа за утре

November 13, 2019 15:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 62 гласови „за“ и 12 „против“ независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Изборот е направен во рамките на денешната работа по дневниот ред на 116-тата седница чие продолжение претседателот на Собранието Талат Џафери го закажа за утре, пренесе МИА.

Во расправата што претходеше на изборот, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски посочи дека начинот на изборот на Рамчиловиќ за петти потпретседател на Собранието е направен во интерес на квантумот на гласови кои му се потребни на мнозинството за седница и обвини дека на тој начин се продолжува со истиот принцип на кој претходно го бираа претседателот и останатите потпретседатели на законодавниот дом, како и петте заменици на генералниот секретар на Собранието. Го повика Рамчиловиќ кога ќе биде потпретседател на Собранието да работи на ист начин како што работеше, како што рече, во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Јусуф Хасани од ДПТ изборот на Рамчиловиќ на функцијата го оцени како историски момент, бидејќи прв пат се бира потпретседател на законодавниот дом од немнозинските заедници под 20 проценти.

– Не радува фактот што во нашата земја некои работи почнаа да одат на добро, рече Хасани и додаде дека неодамна Турчин беше избран за претседател на Уставен суд.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека „за мнозинството во Собранието политичката трговија е поважна од принципите, а Рамчиловиќ е човек кој е купен за функција“.

-Денешната политичка трговија во Собранието е уште еден доказ дека политичката трговија е принцип на кој функционира оваа власт, рече Милошоски.

Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генераниот секретар за да се задоволат партиските апетитити.

-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев  и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.

Во реплика Рамчиловиќ му порача дека ВМРО-ДПМНЕ се најмалку повикани да говорат за чест и чесност и за политичка трговија.

-Вие тоа што го правите е крајно лицемерно – пред странците клечите, а она што го зборувате и работите пред јавноста е нешто друго. Сум зборувал дека сум против промена на уставното име на државата, но со вашите дејствија направивте народот да не може да си го каже својот збор и му го префрливте легитимитетот на Собранието. Доколку не гласав како што гласав за Уставните измени ќе морав да ја погазам својата заедница која ја поддржа промената на името, рече Рамчиловиќ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека изборот на Рамчиловиќ за потпретседател на Собранието не се базира на искрени и чесни намери, туку исклучиво на математика и калкулации.

– Разочаран сум што Рамчиловиќ токму сега ја прифати функцијата, но не мислам дека е непристојно тоа. Но, сепак не мислам дека Собранието е пристојно место, потенцира Димовски. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk