МВР и Пазарната инспекција, во заедничка акција синоќа во ресторан во Глумово затекнале 250 гости кои присуствувале на свадба, што е спротивно на здравствените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19.
„На 18.10.2020 во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово – Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Северна Македонија за неносење на лична заштита на лицето.“, стои во соопштението од МВР.
Ј. Ѓ.