Министерот за транспорт и врски – Горан Сугарески, на својот Фејсбук профил со одговор на шпекулациите и лажните вести.
„Во врска со најновата продукција на лажни вести од опозицијата, сакам да го кажам следново: Никакви 100 милиони евра никој не треба да плати, ќе има арбитража. Второ ќе се продолжи изградбата на експресниот пат и уште нешто, есенва ќе биде рехабилитиран постоечкиот пат од Фариш до Дреново.
Епа почитувани душегрижници кои 11 години градевте споменици, плаќавте пари за жални врби и палми кои се исушени во градовите, бидете сигурни, не само овој, туку и многу други патишта ќе бидат направени насекаде низ државата.“ – Горан Сугарески, Министер за транспорт и врски