ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интензивирање на билатералните односи со Бугарија, Заев наскоро во Софија на средба со Борисов

October 20, 2020 07:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев на 11 ноември во Софија треба да се сретне со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020. Дотогаш, според најавите на македонскиот државен врв, се интензивира комуникацијата меѓу двете држави на сите нивоа во духот на Договорот за соработка и добрососедство, со цел надминување на разликите во очекување на усвојување на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Европската Унија.

Земјава прави дипломатски напори да се најде излез од ситуацијата, по објавувањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на ЕУ, со кој меѓудругото се негираат македонскиот јазик и македонската нација и вложува во зајакнување на билатералната комуникација со Софија, истовремено потенцирајќи дека за темите кои произлегуваат од Договорот со Бугарија има јасна волја да се решаваат преку работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија.

Владата, вчера категорично ја отфрли како невистина шпекулацијата на пратеникот Антонио Милошоски за наводни предлози за дефиниција за идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

-Таков предлог не постои, ниту бил предмет на дискусија, а изнесеното тврдење на пратеникот Милошоски е груба шпекулација и само нанесува штета на процесот што го води заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, нагласува Владата во одговор на прашањето на МИА да даде коментар за тврдењата кои Милошоски.

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој се повикува на дипломатски извори од МНР, последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11 ноември во Бугарија би требало да се согласат дека „Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност е Бугарин роден во географската област Македонија”.

Милошоски смета дека ова веројатни е една од причините зошто, како што напиша на својот Фејсбук профил „Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на Договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“.

А Заев викендов во однос на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерска за недоразбирањата со Бугарија, напомена дека не гледа потреба од таква средба.

– Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на која било тема, тој бара начин само како да и наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ,  изјави Заев.

Македонските и бугарските историчари минатата недела во Скопје по пауза од речиси една година повторно седнаа на маса, два дена разговора, а според изјавите на копретседателите на Комисијата по состанокот Драги Ѓоргиев и Ангел Димиров постигнат е мал напредок, но не и во однос на Гоце Делчев. По, средбата беше посочено дека има некои предлози и идеи, но тие побараа трпение со што помалку емоции и тензии, со најава за нова средба во Софија до крајот на годинава.

На средбата не станало збор за појаснувачкиот меморандумот што Бугарија го достави до земјите-членки на ЕУ, ниту за македонскиот јазик и идентитет, кои се оспоруваат со овој документ.

Македонскиот јазик е ноторен факт одамна потврден од светската лингвистичка наука, потсети вчера претседателот на државата Стево Пендаровски, во своето обраќање на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“.

–  Иако поминаа седум и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење во меѓувреме беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние сè уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата засебност, постоење. Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни и светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политички и политичко-академски кругови од нашето непосредно окружување, истакна претседателот Пендаровски.

Без намера, како што рече, да ја оптоварува свеченоста со дневно-политичка реторика,  нагласи дека научните аргументи и вистината се на наша страна и ги повика професорите и лингвистите да продолжат со својата научна работа и напори за проучување и афирмирање на македонскиот јазик.

Според директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена.

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е признат во сите славистички  и во сите лингвистички центри во светот и се проучува на многу универзитети во светот, изјави Јованова-Грујовска.

Посочи дека годинава одбележуваме 75 години од кодификацијата на современиот македонски јазик што е поврзано со создавањето на државата, тој има своја историја и во делата на преродбениците во 19 век, а кодификацијата ја почнал уште Крсте Мисирков во 1903 година.

Во врска со условувањата за влез во Европската Унија, смета дека Унијата е комплекс од држави коишто функционираат со демократски правила и каде што секој поединец има право да зборува на својот мајчин јазик.

– Во ЕУ се гарантира правото на определување секој да зборува на својот мајчин јазик. И затоа јас мислам дека нема да биде никаков проблем. Тука зборуваме за измислен проблем кој го наметнаа дел од бугарските лингвисти, додаде директорката на Институтот.

За спорот со Софија пишува и „Брисел тајмс“, потсетувајќи дека откако го реши прашањето за името со Грција, која со години го блокираше стартот на преговорите за членство на земјата сега се соочува со уште еден спор за јазикот и историјата.

Изданието наведува дека за Европската комисија добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи во процесот на проширување, па затоа Брисел „ги охрабрува двете страни да ги удвојат своите напори да најдат решение за проблемите“.

– Останува на Северна Македонија и Бугарија да го решат спорот меѓусебно, бидејќи Комисијата нема да посредува во дијалогот како што го прави тоа во случајот со Србија и Косово, додава „Брисел Тајмс“.

„Брисел Тајмс“ потсетува дека Европската Комисија на почетокот на јули пред Советот на ЕУ ги презентираше предлог преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија, но тие не се објавени во јавноста.

– По усвојувањето на рамките од страна на Советот, ќе бидат свикани првите меѓувладини конференции со што официјално ќе започнат преговорите за членство, истакнува весникот, додавајќи оти евркомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји се надева дека тоа ќе се случи во текот на германското претседавање со ЕУ кон крајот на оваа година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нови правила за последниот круг од предизборната ТВ дебата Трамп-Бајден

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk