ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јавна дебата: Јасни критериуми за изборот на членови на Комисијата за недискриминација важна за функционирање на Законот за спречување дискриминација

October 20, 2020 16:36
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО

Амандманите на Законот за спречување и заштита од диоскриминација во делот која ја уредува постапката за изборот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беа во центарот на јавната расправа организирана денеска од собраниските комисии за европски прашања и за еднакви.можности.

Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со предложениот Закон, Комисијата за превенција и заштита од дискриминација  ќе биде независно тело кое ќе го сочинуваат седум професионалци со седумгодишно искуство во сферата на човековите права и пет години искуство во делот на еднаквост и недискриминација. Ќе има сопствена буџетска независнот, а изборот на членови ќе биде на јавна расправа во Комисијата за избори и именувања,што значи, вели, јавноста ќе биде вклучена преку таа расправа. Дополнително Комисијата ќе направи предлог – листа која ќе ја предложи на пленумот со апликациите на сите кандидати.

 

– Важно ни е граѓаните ден поскоро да го добијат овој закон. Ги повикувам пратениците да го изгласаат овој закон кој ги адресира европските вердности и пред се ќе ги штити правата на граѓаните од секаков облик на дискриминација, рече Шахпаска.

Пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за еднаквост на жените и мажите Гордана Силјановска  Давкова посочи дека нивните забелешки на законскиот текст се однесуваат на мандатот на членовите на Комисијата, на заострување на критериумите за избор, и за разрешување на членови и на поимникот употребен во законот.

-Забелешката на Венецијанската комисија е дека не е добро да има реизбор, јас исто така сум поборник на тоа дека не треба да има мандат 5 + 5 , десет години, туку треба да има флуктуација на луѓе кои се квалификувани за оваа материја. Се плашам од  премногу моќ на едно место. Второ мислам дека критериумите за избор треба да бидат построги. Не е доволно за мене да напишете 240 кредити и седумгодишно иускуство во сферата на слободите и правата туку поконкретни критериуми. Постапката целосно се согласувам со НВО секоторт дека треба да биде поинаква. Би сакала профилот на Комисијата да личи на оној за  изборот на Антикорупциската, односно да има повторно партнерство меѓу НВО и пратениците, вели Силјановска Давкова порачувајќи дека е потребен квалитетен закон.

Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација на граѓански асоцијации појасни дека бараат да се усвои нивниот амандман на член 18 од Законот со кој се регулура  изборот на Комисијата со цел да осигураат, вели дека изборот на членови ќе биде спроведен во транспарентна и инклузивна постапка и ќе се изберат луѓе врз основа на нивната заслуга, а не на нивната партиска припадност.

-Членовите на независните регулаторни тела мора да се избираат согласно заслуги, само така ќе имамме професионална комисија и само така вистинск ќе инвестираме во системот за спречување и заштита од дискриминација. Претходните два состава на комисијата беа оценети и од нас  како здруженија и од ЕК како непрофесионалци, луѓе кои се поврзани со политичките партии и со тоа не успеаја да обезбедат ефективна заштита од дискриминација, рече Дрндаревска.

 

Арбер Адеми претседател на Комисијата за европски прашања истакна дека станува збор за идентичен текст на закон кој беше укинат од Уставниот суд, а целта на денешната јавна расправа е токму да има инклузивност во целиот процес и да се слушне мислењето на сите заинтересирани страни, со цел унапредување на  законот.

 

Во однос на дискриминација по етничка основа при вработување во државни институции од власта и од опозицијата се согласуваат дека основен предуслов за вработување треба да биде исполнувањето на критериуми и професионални квалификации.

Закониот за спречување и заштита од диоскриминација  ќе се најде утре во второи читање на Комисијата за европски прашања.Првично Законот беше донесен во 2018 година, но тогашниот претседател на државата не го потпиша указот за негово прогласување. Повторно беше вратен во Собранието и пратениците го изгласаа но заради процедурални пропусти, во мај, оваа година беше укинат од Уставниот суд.

Next Post

Затвореник пронајден мртов во затворот во Шуто Оризари

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk