ВМРО-ДПМНЕ вчера во Скопје и уште шест градови во државава повторно одржа протест против, како што велат, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.
И овој пат од ВМРО-ДПМНЕ не пропуштија да се пофалат со раскошната ергела од скапи автомобили, a изборот вчера на протестот во Охрид, беше бел мерцедес од највисока класа украсен со знамето од Вергина.
На претходните протести во организација на оваа партија, тие парадираа со мерцедес кабриолет и ауди 8, па јавноста и не е многу зачудена од ваквите потези на ВМРО-ДПМНЕ.
– Немаат чувство за одговорност и тотално имаат изгубено контакт со реалноста. Да се парадира против неправда, корупција и криминал со најнови марки на автомобили кои чинат стотици илјади евра е навистина многу па доаѓало и од нив, се коментарите на социјалните мрежи.
Д. Е.