ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Холштајн: Неодржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија ќе биде неуспех за германското претседателство со ЕУ

October 21, 2020 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на процесот на проширување наша јасна цел, на германското претседателство со ЕУ, е да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината, изјави денеска германската амбасадорка Анке Холштајн.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што би значело евентуално незапочнувањето на преговорите со ЕУ во рамки на германското претседателство со ЕУ, амбасадорката Холштајн, рече дека „секако, тоа ќе биде неуспех“.

– Во март сите земји членки дадоа зелено светло за почеток на преговорите и отворање на пристапни преговори за членство со Северна Македонија. Работиме напорно да се одржи меѓувладината конференција и ние сме оптимисти дека ќе успееме да ја достигнеме оваа цел, изјави Холштајн.

Таа посочи дека, Берлинскиот процес, во голема мера го олеснува овој процес и изрази уверување дека ќе има конструктивна атмосфера и во ноември за време на заедничкото ко-претседателство со самитот во Софија.

– Ова е важен датум за заокружување на агендата во декември. Согласно правилата и процедурите, 10-ти ноември и последна шанса за прифаќање на преговарачката рамка и ќе направиме се за ова да се оствари, истакна Холштајн.

Евроамбасадорот Давид Гир, од својата страна, посочува дека одлуката за отворање на преговорите е донесена во март и сега дискусиите за преговарачката рамка нормално продолжуваат во Брисел.

– Се надевам дека договорот ќе бидат постигнат до крајот на годината, изјави Гир, одговарајќи на новинарско прашање до кога би била готова преговарачаката рамка.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, исто така, изрази уверување дека и Брисел и Берлин ја препознаваат шансата.

– Во март имавме безусловна одлука да почнеме преговори и мислам дека ќе биде добро и за сите нас, и за ЕУ, и за сите наши соседи тоа да се случи во декември за конечно да добиеме целосен пристап до алатката за пристапниот процес. , изјави Димитров.

Историјата е важна да не прави горди и учител, посочи тој, но треба да го смениме тој натпревар со реформски натпревар по прашања како што се – кој предничи во највисока плата во регионот, слобода на медиуми и судство или заштита на животна средина.

Амбасадорката Холштајн, евроамбасадорот Гир и вицепремиерот Димитров зборуваа на онлајн промотивен настан за проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”, во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија, на кој учествуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

 

Next Post

Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат со законските измени

НАЈНОВО

Фон дер Лајен: На пациентите и преживеаните од рак мора да им обезбедиме достоинствен живот

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Деми Мур: Том Круз се чувствуваше „помалку непријатно“ поради мојата бременост за време на снимањето на A Few Good Men

October 28, 2025

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk