ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерката Шекеринска денеска и утре на онлајн состанок на министри за одбрана на НАТО

October 22, 2020 10:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре преку видео-конференциска врска ќе учествува на состанок на Северноатлантскиот совет, на ниво министри за одбрана.

Министрите за одбрана на 30 земји сојузници во НАТО, на денешната сесија на Северноатлантскиот совет ќе разговараат за мерките за поддршка на цивилните напори за спречување на ширење на Ковид-19 и сојузничката солидарност. Со обезбедувањето на НАТО-пакетот во вредност од 1,4 милиони евра за 60 респиратори и дополнителна медицинска опрема, уште еднаш беше потврдена сојузничката солидарност кон нашата земја, соопшти Министерството за одбрана.

Министрите за одбрана, како што се посочува, ќе разговараат за напредокот во напорите за зголемување на буџетите за одбрана и заедничкото споделување на товарот. Бројките говорат дека кај најголем број од сојузниците, буџетите растат веќе шест последователни години. Истиот тренд го има и буџетот за одбрана на Северна Македонија. Тоа го потврди и премиерот Зоран Заев при посетата на седиштето на НАТО во Брисел овој месец, каде рече дека остануваме решени да го зголемуваме буџетот за одбрана и да постигнеме 2 проценти од БДП до 2024 година, информираат од Министерството за одбрана.

На состанокот, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, како што се потенцира, ќе се изјаснат за воспоставување на вселенски центар во Рајмштајн, Германија, за подобра сателитска и воена комуникација.

Утрешната, втора работна сесија ќе биде посветена на НАТО мисиите и мировните операции во Авганистан, Ирак и на Косово. Северна Македонија го продолжува својот придонес во главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ и во командата на главниот град, Кабул во Авганистан, а неодамна беа испратени и првите 44 припадници на Армијата во рамките на силите КФОР на Косово, со што нашата земја станува и столб на мирот и безбедноста на регионот.

Министрите за одбрана ќе разговараат и за имплементацијата на планот на НАТО за имплементација на Резолуцијата 1325 на Обединетите Нации – Жени, мир и безбедност, чија 20-годишнина се прославува овој месец. Нашата земја го донесе вториот Национален акциски план за имплементација на оваа резолуција и посветено работи на вклучувањето на жените во одбраната, преку процес кој е инклузивен и не подразбира само бројка, туку и активно користење на капацитетите на жените во процесите во одбраната, се додава во соопштението.

Next Post

Заев, Димитров и Османи на онлајн средба сo Борел: Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk