ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Метју Меконахи веќе не снима романтични комедии

October 26, 2020 16:50
in ДЕНЕС, СВЕТ, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Метју Меконахи одбил понуда од 14,5 милиони долари, оти си дал завет дека повеќе нема да снима романтични комедии. Тој тоа го пишува во својата нова книга „Зелени светла“ (Greenlights).

„Бев успешен актер, славна личност, филмска ѕвезда… Не морав да се грижам што ќе имам за јадење или дали имам за кирија, но мојот пат во кариерата, ликовите и филмовите што ми ги нудеа и ги глумев, веќе не ме задоволуваа. Љубовно-комичните ликови и световите во кои тие живееја, дотолку ми здодеаја, небаре ’одев в кревет со чешање на задникот, а се будев со смрдлив прст’, и тоа подолго време“, пишува глумецот во мемоарите.

На почетокот на ова илјадалетие, тој глумеше со Џенифер Лопез во „Организаторка на свадби“ (2001), со Кејт Хадсон во „Како да го загубиш момчето за 10 дена“ (2003) и со Сара Џесика Паркер во „Неуспешно лансирање“ (2006). Тој немал ништо против тие филмови, но веднаш по нив, тој, како што пишува, добил поисполнет, подив и „по-жив“ живот со неговата тогашна свршеница Камила.

„Се смеев погласно, плачев посилно, љубев на големо, мразев подлабоко и чувствував повеќе – како човекот од мојот живот, отколку како ликовите во тие филмови“, пишува натаму Метју.

Кусо потоа добил понуда од пет милиони долари, која веднаш потоа прераснла во 10 милиони, 12,5 милиони, надградено сценарио, па на 14,5 милиони долари. Тој, под мотото „што ги еб** доларите“,  ги одбил сите понуди.

Последни филмови каде што обожавателите можеа да го погледнат Метју Меконахи, се трилерите од лани – „Спокој” (Serenity), „Господата“ (The Gentlemen) и комедијата „Скитникот од плажата“ (The Beach Bum). Нареден негов проект е вториот дел од цртаниот мјузикл „Пеј!“

Next Post

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk