Ways2help.us е платформа од хуманитарен карактер. Доколку некој сака на било кој начин да помогне, да донира храна, облека, техника, да волонтира, или пак да плати сметка на социјално загрозени семејства и индивидуи кои се соочуваат со финансиски потешкотии, особено во време на ковид-криза, местото на обраќање е токму оваа платформа со благороден карактер. Да се помогне на оние на кои најмногу ѝм е потребно.
Во делот „За Нас„ на платформата пишува „Да обезбедиме поголем избор и можности за помош на сите ранливи групи преку обединување на сите организации, компании и индивидуалци желни да помогнат во една, едноставна за користење, платформа. Ways2Help е вмрежувачка платформа која oбезбедува лесен пристап за сите хуманитарци, донатори и поединци кои се подготвени да направат промена до сите добротворни акции и невладини организации кои нудат нудат помош на ранливото население“.
За тимот на Ways2Help пишува…..
„Желбата за проактивност во услови на самоизолација не доведе до одлуката да бидеме дел од десеттото издание на „Стартап Викенд 2020“. Истиот имаше за цел да ги предизвика натпреварувачите да креираат технички и дигитални решенија кои би помогнале во време на COVID-19.
Имајќи ја во предвид моменталната ситуација на нашата држава и тргнувајќи од нас самите, не останавме рамнодушни на идејата да најдеме решение кое, ќе ни помогне да се обединиме, да бидеме еден клик поблиску до донација, помош, заштита.
Така ја создадовме ways2help платформа која ги обединува сите начинии на кој можете да им помогнете на оние кои им е најпотребна помош. Нашиот амициозен тим успешно воспостави контакт со сите организации кои во моментов се на терен и нудат поддршка. Дел од нив се: Вистински дела на љубезност, Хера, LGBT Тетово, Волонтерски Центар Скопје, Лице в лице. Но ова е само почетокот…“.
Над 68 социјално загрозени семејства и деца ќе имаат топол, светол дом и во зимскиот период.