ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Инспекторите можат и треба да затвораат и казнуваат угостителски објекти кои кршат ковид протоколи

October 29, 2020 18:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Морам да го поздравам Собранието, посебно парламентарното мнозинство, коешто синоќа го усвои Законот и со тоа даде можност сите мерки да бидат на сила, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Новината согласно Законот е дека ќе има казни за сите што не ги почитуваат мерките, а тоа носење на заштитната маска на отворено, важи за сите освен за децата под 6 години. Новина е што се зајакнати надлежностите на инспекторите, посебно во делот кога тие настапуваат кон санкционирањето. Инспекторите ќе имаат можност да пломбираат и затвораат објекти, тука мислам и на угостителските објекти, да испорачуваат казни и тоа поприлично високи, за угостителските и правните субјекти, казните стигаат и до 30.000 евра, и тоа е сериозна новина.

Истовремено, најважна е одговорноста. Одговорноста на сите мора да биде на највисоко ниво, и во тој дух, реално ја повикувам и опозицијата и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, за одговорно однесување, затоа што ја става во дилема и ја доведува во опасност јавноста со неодговорното однесување. Сите мора да бидеме одговорни, пресериозна е состојбата и кризата во Европа, во целиот свет и во Северна Македонија.

Јас верувам дека граѓаните најмногу очекуваат од нас одговорност и посветеност во функција на помагање на сите оние коишто работат. Уште еднаш им симнувам капа и ги поздравувам здравствените работници, кои како што реферираше и министерот имаат сè уште ентузијазам и работат посветено. Се нудат 100-тина млади специјалисти од последната година на студии, се прераспределуваат околу 60-тина административни капацитети да помагаат со изработката на решенијата во служба на ДЗСИ (Државниот здравствен и санитарен инспекторат). Предвидовме во ребалансот средства за награда на здравствените работници кои работат на ковид.  Сè тоа со цел да постигнеме најдобри возможни успеси во оваа борба.

Тешки се моментите, сите губиме блиски, гледате кризата е насекаде, но новите тестови кои се во набавка даваат многу брзи резултати, во Буџетот вградивме нови 78 милиони денари за нови тестови. Овие тестови ќе помогнат за тестирање на големи капацитети. Во фабриките кога се тестираат сите наеднаш, тестовите покажуваат дека има 3-4% од вработените кои не ни знаат дека се позитивни, ова ни кажува дека вирусот е насекаде околу нас, со мали или појаки симптоми, но дефинитивно во било кој од овие случаи, личната заштита е најдобрата превенција која дава резултати насекаде и тука и во регионот и во Европа и во светот. Затоа апелирам до целиот народ, да се придржуваме до мерките, си ги имаме најблиските околу нас, да ги слушаме стручните лица. Оваа комисија е комплетно стручна, членовите животот го живеат од наутро до доцна во ноќта посветени на кризата, таму нема партиски книшки ниту политички определби и затоа сите треба да дадеме свој придонес, без разлика дали сме партии, експерти, универзитетски професори, кои ќе дадат придонес во справувањето со оваа криза“.
Next Post

Само 10 држави во светот не пријавиле ниту еден случај на коронавирус

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk