ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Собраниска дебата за ребалансот на Буџетот

October 29, 2020 18:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од власта и опозицијата во дебатата за ребалансот на Буџетот не отстапуваат од веќе искажаните ставови, додека министерот за финансии Фатмир Бесими предупреди дека состојбата кај нас не се разликува во однос на случувањата во светски рамки и дека таа е условена од коронакризата која предизвикува потешкотии во финансиските предвидувања.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски истакна дека на начинот на којшто е конципиран, ребалансот на Буџетот нема да ги даде резултатите кои се очекуваат.

-Овој Буџет е неразвоен и е лошо конципиран и ќе ја втурне Република Македонија во уште поголема економска и финансиска криза, наместо да ја оствари основната цел да го спречи истото. За жал, морам да констатирам дека економската криза е многу полоша од здравствената ковид-криза и несериозноста од носењето на мерките справувајќи се со здравствената криза е исто така пренесена и од аспект на економскиот и финансискиот систем, рече Стојановски.

Македонската економија, вели тој, е во слободен пад најголем од 1994 година наваму, а затоа е виновна во најголем дел ковид – кризата, но сепак резултатите од првиот квартал од 2020-тата година укажуваат дека македонската економија е во криза и пред ковидот, а оваа пандемија брутално ги откри слабостите и на зравствениот и на финансискиот систем.

-Со овој ребаланс Македонија е официјално високо задолжена земја според махстришкиот стандард и ја проби психолошката граница за задолженост од 60 проценти на БДП и сега нашата задолженост изнесува 60, 3 проценти или во апсолутна бројка 6,5 милијарди евра. Полошо од ова не може и засилено галопираме кон грчкото сценарио, рече опозицискиот пратеник.

Стојановски смета дека годинава ќе ја завршиме со буџетски дефицит од 920 милиони евра или 8, 5 проценти од БДП, пари за коишто не верувадека некој знае во државава како ќе ги вратиме.

-Во последната година земјата се задолжи повеќе од една милијарда евра или 10 проценти од вкупниот државен долг за само 12 месеци, а економијата тоне, народот осиромашува, а ние тоа не успеваме да го спречиме. Па така имате илјадници затворени бизнисни, нови 40.000 луѓе кои ги загубиле работните места, 13 евра поскапа потрошувачка кошничка споредбено со истиот месец во претходната година, безброј луѓе на минималец, рече Стојановски.

Во одговор на говорот на опозицискиот пратеник министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека овој ребаланс на Буџетот е наметнат од тоа што го креира начинот на живот поради коронавирусот.

-Се согласувам дека ова е историска година и дека имаме најголем дефицит и пад на економијата и дека имаме највисок јавен долг. Ова е многу сериозен период, одговори министерот.

Бесими посочи дека во ваква сериозна ситуација не очекува партиите да зборуваат само за да освојат политички поени. Потсети дека во комисиската дебата прифатил дел од препораките и амандманите, но исто така и дека не треба да се заборави дека целиот свет е зафатен од најголемата криза и оти многу е тешко да се предвидат работите и дека меѓународните финансиски институции повеќе пати ги смениле проекциите.

Пратеникот Диме Велковски од СДСМ во однос на ребалансот на Буџетот истакна дека во него е вграден четвртиот пакет мерки за справување со коронакризата и изнесува 470 милиони евра.

-Кога ќе ги собереме со претходните три економски пакети, се инвестирани една милијарда и 20 милиони евра и се со цел обезбедување на ревитализција генерално на македонската економија со предзнак на здравствената криза. Во креирањето на сите овие мерки, особено последниот сет четврт мерки, учествуваа сите заинтересирани чинители како стопанските комори, синдикалните организации, работодавачите, се со цел да бидат опфатени и погодени оние засегнати групи и различни дејности кои се гледаат од социо – економски, финансиски и егзистенцијален аспект, рече Велковски.

Со овој ребаланс и четвртиот пакет антикризни мерки, како што потенцираше, има цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности, да се зачуваат колку што може работните места, да се закрепнат одредени дејности, да обезбеди стабилност во однос на социјалните трансфери и политики кои ќе помогнат во спроведување на брза и излезна стратегија се со цел продолжување на позитивните трендови на македонската економија кога оваа криза ќе заврши.

Велковски потсети дека најголемата светска и економска криза не ја одминала и нашата држава и оти се надева дека ова ќе биде последен пакт мерки за справување си кризата со коронавирусот.

Во дебатата министерот за финансии истакна дека четвртиот пакет мерки што е вграден во ребалансот на Буџетот најверојатно нема да биде последен, и оти очекувањата се дека вакви мерки ќе има и следната година, а дека ситуацијата е неспоредлива во однос на она што било во 2009 или 2012 година.  Бесими додаде и дека земји како норвешка и Германија поради коронавирусот бележат дефицит.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Приведени осум дилери од Кавадарци, пронајдено кокаин, хашиш, марихуана

НАЈНОВО

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

September 10, 2025
Фото: Геенрирано со ВИ

Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

September 10, 2025

Фон дер Лајен најави построги мерки против Израел, осудувајќи го гладувањето во Газа

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk