ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Полициски час во цела Грција и нови рестриктивни мерки во 27 региони

November 2, 2020 10:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од утре ќе бидат затворени во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и забраната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина.

Γрција, односно 74-те региони се поделени во две зони: Зона А- жолта и зона Б –црвена.

Во првата, што е „под надзор“ се 47 региони, а останатите 27 се во црвената, односно „со зголемена опасност“, меѓу кои речиси цела северна Грција и Атина.

Мерките што ќе важат за целата земја се: задолжителна маска и внатре и надвор; полициски час од полноќ до 5 часот наутро; задолжително најмалку 50 отсто работење од дома во државниот и приватниот сектор; задолжителни онлајн предавања за студентите и забрана за собири.

Во цела Грција, остануваат отворени, продавниците за малопродажба и за храна, пазарите, фризерските салони, хотелите и училиштата и не е забрането движење меѓу регионите.

Во регионите што се во црвената фаза, затворени се угостителските објекти, кафулињата, баровите, со исклучок на „delivery“ и „take away“, музеите, театрите, кината, забранети се секаков вид собири, забрането е одржување конференции,  дозволено е само индивидуално спортување и натпревари само во првите лиги во фудбал и кошарка, како и учеството на екипите во европските натпреварувања.

Превозните средства во сите делови на земјата ќе функционираат со 65 отсто од капацитетот, а во црвената зона, дозволени се до три лица во патнички автомобил (со исклучок на семејствата), додека пак за такси возилата е дозволен само еден патник.

Црквите и религиските објекти во црвената зона ќе останат отворени, со максимално дозволен број до девет лица на литургија или обреди и свечености.

Новите мерки, што ќе бидат во сила еден месец, во саботата ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телевизиска порака до граѓаните, истакнувајќи дека не станува збор за „целосно замрзнување на секојдневието“.

Паралелно повтори дека „целосен lockdown е последниот чекор, што ќе ги погоди економијата и општеството“.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 40.929 случаи на Ковид-19, а починаа 635 лица.

Next Post

Засега од земјотресот 79 жртви во Измир и две од грчкиот остров Самос

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk