ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Градиме соработка ги разговараме, унапредуваме и ги градиме позициите каде што имаме заеднички интерес како регион во рамките на Берлинскиот процес

November 2, 2020 12:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, преку интернет конференциска врска, денеска учествуваше на регионалниот форум за млади лидери, во организација на Европското движење во Србија од Нови Сад, кој беше посветен на регионалната економска соработка со посебен осврт на решенија за поврзување на државите во услови на пандемија.

Премиерот Заев во дебатата на која учествуваа претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама, потенцираше дека повеќе од било кога пандемијата со коронавирусот покажа дека сè е врзан систем. Инфраструктурата, економијата, еколошките системи, па дури и политичките системи. Кризи како оваа се лакмус тест за состојбите во едно општество, што е силно, а што е слабо во истото.

„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме постоечката соработка, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји. Младите мора да бидат дел од овие процеси. Потребна ни е нивната креативност, потребна ни е нивната енергија и капацитет да ги согледуваат пречките како можности, затоа што во нив ги полагаме сите надежи дека ќе успеат да ги финишираат сите интеграциски процеси кои сме ги отпочнале пред неколку декади“, додаде Заев.

Премиерот Заев истакна дека образованието и зголемувањето на компетенциите на младите се клучни за понатамошен напредок. Сведоци сме на зголемена миграција и на нејзе треба да гледаме како двонасочна улица. Сакаме и создаваме можности за оние кои заминале да се вратат, да може во својата држава да ги користат новите вештини кои ги научиле. Слободното движење на луѓе е цивилизациска придобивка која треба да ја негуваме постојано, додаде меѓу другото во текот на дебатата премиерот Заев.

На дебатата се разговараше и се презентираа заедничките заклучоци кои тројцата лидери ги дискутираа на трилатералната средба минатиот петок во рамките на обновената иницијатива за регионална соработка.

Оваа година Северна Македонија заедно со Бугарија ко-претседава со Берлинскиот процес, чиј самит следува следната недела. Градиме соработка преку која ги разговараме, унапредуваме и конечно се обединуваме околу позициите каде што имаме заеднички интерес како регион во рамките на Берлинскиот процес, беше заедничката порака до младите од страна на Вучиќ, Рама и Заев.

 

Next Post

Поранешно Матично ќе се реконструира во нов Младински центар

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk