ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ременски потврди дека Обвинителството пронашло документи за злоупотреби кај нејзе дома

Ременски вели дека е нормално да поседува, како што вели таа, документи од надзори за злоупотреби на други лица и истите ги пријавила до надлежните органи, иако досега не добила одговор од нив.

November 15, 2019 15:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Фросина Ременски потврди дека Обвинителството при претресот на нејзината куќа пронашло документи и порача дека истите се одземени на незаконит начин и дека не се поврзани со кривично дело. Потпретседателката на Собранието е осомничена во вториот дел од истрагата во случајот „Рекет“ со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски дека наводно нејзината позиција била користена за убедување на бизнисмените со кои се преговарало да вложат во проектите, пишува Фактор.мк.

Таа реагира на вмешувањето на нејзиниот сопруг Јовче Ременски во натписот на МКД.мк и неговото доведување во негативен контекст. Ременски вели дека е нормално да поседува, како што вели таа, документи од надзори за злоупотреби на други лица и истите ги пријавила до надлежните органи, иако досега не добила одговор од нив.

„1. Сите странки во истражната постапка треба да се придржуваат кон тајноста и законитоста и на постапките што ги водат и на информациите што ги споделуваат со јавноста.

2. Потврдата од ОЈО за одземени документи, воедно и нивниот демант за природата и тематиката на документите е еден значаен аспект од објавената вест која не смее да биде извор на идни шпекулации и лажни вести.

3. Веста во порталот е објавена во пресрет на институционална потврда по моја претставка за крајно незаконит влез и претрес во мојот дом што отвара друга сериозна димензија за законитоста во постапување на надлежните за спроведување на истражното дејствие.

4. Вмешувањето на името на мојот сопруг Јовче Ременски во контекст на објавената веста, како и до сега го сметам за крајно злонамерно и тенденциозно, ако се земе во предвид фактот дека, документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене – Фросина Ременски, а не од мојот сопруг, и истите не се ниту предмет на кривично дело, ниту пак потекнуваат од кривично дело.

5. Да не заборавиме дека, согласно закон, документ со кој се прикрива кривично дело, пречекорување на овластувања или други незаконски дејствија не може да биде класифициран документ.

6. Како член на собраниска Комисија за надзор над УБК и АР од 2017 година сум била иницијатор за назори, а врз основа на добиени информации од надзори и добиени документи за злоупотреби, до денес, во вршење на служба имам поднесено неколку кривични пријави и барања за постапувања до надлежни органи, за сега без одговор. Тоа ќе се случува и понатаму.

7. Како поранешен министер и сегашен пратеник и потпретседател на Собраниетоод 2015 година поседувам безбедносен сертификат “Државна тајна”.

8. Неточна е информацијата во објавениот текст дека сум во куќен притвор.

За сите други прашања поврзани со овој објавен текст и мој одговор, очекувам комуникација во/со ОЈО, а не во/преку медиуми.“гласи обраќањето на Ременски.

Next Post

Д-р Најденовска Алулоска: Kвалитетна здравствена заштита за децата, задоволни родители и персонал

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk