„Во втората половина на наредната година ќе започнеме со изведување на работите. Станува збор за две линии т.н. кичми на јавен транспорт, едната е од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, другата од Кисела Вода до Бутел, со вкрстување некаде кај раскрсницата кај Црвен Крст во центарот на градот“, посочи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21.
Тој додава дека прва за имплементација е првата линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со изработка на двете депоа коишто таму треба да се наоѓаат.
„Тоа е систем кој ќе овозможи на секои 3 и пол минути да има возило на постојка“, истакна Шилегов.







