ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Упатно е да не се чачка таа мечка!

November 6, 2020 09:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛ МЕДИА

Не ми е јасно што би можело уште да се напише или каже по повод новите билатерални барања од страна на Бугарија за одобрување на почетокот на нашите преговори за влез во ЕУ, а да се остане во рамките на пристојноста и да не се додаде масло на огнот од нервоза, провокации и навреди кои се закануваат да ги заплиснат односите меѓу двете земји не само во овој момент, важен и за нас и за нив, туку и за во годините што доаѓаат… Бидејќи, ако атмосферата во јавноста на двете земји стане „отровна“, какво било посредничко германско „маѓепство“ нема да може да ја помести работата во конструктивна насока.

За нас последиците од бугарската блокада се јасни: ќе мора на долг период да се откажеме од европската иднина, што ќе предизвика политички ефекти од кои само националистите и шовинистите овдека ќе трлаат раце. Тоа, само по себе, е катастрофа со непредвидливи размери кои нема да останат во моно-етнички рамки, а ниту само во оваа држава.

И за нив последиците од бугарската блокада не се помалку непријатни, иако контекстот е сосема поинаков: Бугарија е осамена пред своите европски партнери со своите (еве, бирам зборови:) необични ставови за евро-условите кон Македонија, што неа ја претвора во главен кочничар на европското проширување кон Балканот. Реално, Бугарија и така не е омилениот претставник на нашиот регион на Стариот континент, а оваа најнова меѓународна бламажа ќе наруши и некои едвај стекнати и тешко одржувани репутациски позиции на Софија во поглед на своето членство во ЕУ. А и пошироко. (Мислам на САД, со изгледниот нов претседател Бајден таму…)

Несомнено, има работи од Договорот за пријателство меѓу двете земји, потпишан во добра атмосфера и со добра волја на македонското и бугарското „правителство“ во август 2017 година, што можат да се подобрат, да се интензивираат, да се дообјаснат или „испеглаат“.  Да се потсетиме, тогашната заедничка изјава на Заев и Борисов гласеше дека Договорот „претставува силна порака до Европската Унија и до НАТО дека земјите од Балканот градат мост на соработка со цел перспективна иднина за своите граѓани“… Како таков, тој Договор беше поздравен од сите релевантни меѓународни претставници како пример за подобрување на соседските односи на Балканот.

Но, сосема друга работа е во Договорот, сега, Бугарија да бара да се допишуваат, да се додаваат, да се редефинираат или да се препишуваат услови кои не би можеле ни тогаш, ни сега, ни во догледна иднина да се потпишат од македонска страна. Како таков, тоа не би бил договор за пријателство, а неверојатно е дека би се потпишал во мирнодопски услови. Што е суштината – „мирнодопството“ – на неговото првично потпишување.

Еми, добре. Бугарија и Македонија, на инсистирање на Софија, ќе го пропуштат историскиот момент за „нов почеток“ во своите билатерални односи. Задоволството Бугарите брзо ќе ги мине, а горчината кај нас ќе биде таква, што ќе се пренесе од сегашната, на идната генерација Македонци. Со тоа ќе се стави точка на подобрување на македонско-бугарските односи, а ќе се отворат три точки за многу други процеси и регионални односи.

На времето, еден мој бугарски пријател, тогаш министер за надворешни работи на Бугарија, половина на шега, половина на вистина, ми велеше дека Софија, ако е паметна, не треба многу да се радува на стотиците Македонци кои, признавајќи „бугарски корени“, вадат „каракачановски“ бугарски пасоши за да им се отвори личната европска перспектива… Бидејќи, велеше подзамислен, во некоја иднина тие и нивните наследници можат да станат и политички, изборен фактор во Бугарија, особено во „тесните“ натпревари за некои локални власти во градовите по должината на бугарско-македонската граница. Лесно се согласивме дека не би било тоа мало „камче“ во чевелот на бугарската внатрешна политика.

Хе-хе-хе, се прашувам од сегашен аспект, што би се случило доколку денеска, како што бараат Бугарите од нас, потпишеме дека без резерва ги признаваме нашите „бугарски корени“ и – соодветно – сите побараме бугарско државјанство?!

Затоа, најдобронамерно и во духот на најдоброто соседство би се препорачало дека е упатно да не се чачка таа мечка на „македонското прашање“ во Бугарија.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk