ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар готова до втората половина на идната година

November 6, 2020 13:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар  во должина од 86 километри заклучно со  септември е реализирана на ниво од 66  проценти, со проценки дека целосно ќе биде завршена во втората половина на  идната година,вклучувајќи  ја изградбата на мерните станици и краците кон градовите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, при увид на градежните активности на терен, пренесува МИА.

Магистралниот гасовод Скопје-Гостивар – Тетово, потенцираше, е дел од изградбата на преносниот систем за гас на целата држава како еден од првите приоритети на Владата од посебен  и исклучителен интерес за граѓаните и стопанството

Без разлика на тоа што заради последиците од пандемијата со Ковид 19 и изведувањето на работите е забавено, како што рече Заев, целосно се завршени работите на гасната магистрала од Клечовце до Неготино во должино од 96 километри,  додека делницата Неготино – Прилеп – Битола, долга 92 километри, во септември беше комплетирана до 92-от километар.

„Овој магистрален гасовод со сите придружни елементи очекуваме да го комплетираме до вториот квартал на 2021 година. Оваа динамика на градежни работи веќе го прави многу блиску гасот до индустријата и до граѓаните“ , рече Заев

Следува фаза, посочи тој, кога ќе треба да се определат операторите на секундарната и терцијарната мрежа коишто ќе обезбедат пренос и приклучок по ниски цени достапни за граѓаните  и стимулирачки за индустријата. За таа цел беше објавен повик за воспостваувње јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување  и развивање на дистрибутивникот систем на приоредн гас. Во тек е евалација на пријавите за учество заедно со консултантите од ЕБОР за проверка на нивните капацитети согалсно критериумите на повикот.

Премиерот потенцираше дека од наша страна со интерконекторот со Грција државата ќе обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени.

Со поддршка на САД и ЕУ, Северна Македонија во наредниот период ќе забрза и ќе иницира неколку проекти во енергетиката од особено значење за земјата  и регионот. Од земја која беше ставена да биде зависна од само еден коридор Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативите за енергетско поврзување кои отвораат широки  перспективи за брз економски развој и за стабилно снабдување на граѓаните со евтин и еколошки енергенс како што е гасот, рече Заев.

Како што дополни премиерот, еден дел од тие перспективи е токму постоењето на точката на н

новиот интерконектор со Косово што продолжува преку Косово, Црна Гора и понатаму.

„Ќе бидеме преносен систем и за други  држави што секако ќе влијае многу на поволноста на цената за крајните консументи“ , рече Заев

 

Next Post

Аболицијата не само што е спротивна на правото, туку и на моралот

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk