Групата „Вилиџ пипл“ ќе го тужат американскиот претседател Доналд Трамп за незаконско користење на нивната препознатлива песна „YMCA” во неговата кампања.
Популарната диско-химна од 1978 година беше употребена во позадина на видео од изборната кампања. Продуцентската куќа Скорпио мјузик и другите сопственици на авторските права, „со изненадување ја открија оваа злоупотреба, згора на тоа за партиски и изборни цели во корист на Доналд Трамп, што тие никогаш не би го прифатиле“, како што нагласи адвокатот Ричард Малка.
VOTE! VOTE! VOTE!pic.twitter.com/85ySh1KYkh
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 3, 2020
Песната „YMCA”, инаку, денес се смета и за химна на геј-заедницата.