ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден „со една нога“ веќе е во Белата куќа, води со повеќе од 4 милони гласови пред Трамп

November 7, 2020 09:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Три дена по затворањето на гласачките места во САД, сè уште официјално не е познато кој е победник на претседателските избори, иако демократскиот кандидат Џо Бајден со „едната нога“ веќе е влезен во Белата куќа, јавуваат американските медиуми.

Гласовите сè уште се пребројуваат во пет сојузни држави – Пенсилванија (20 електорски гласови), Џорџија (16), Невада (6), Аризона (11) и Северна Каролина (15). Бајден води во секоја од нив, освен во Северна Каролина, каде Трамп е во предност.

Џо Бајден во Аризона е во предност пред Трамп со 29.861 гласови, јавува Си-Ен-Ен.

Пребројувањето на гласовите во Аризона ќе продолжи и за време на викендот, а остануваат да се пребројат над 250.000 гласачки ливчиња.

Државната секретарка на Аризона, Кејти Хобс проценува дека остануваат уште меѓу 250.000 и 270.000 необработени гласачки ливчиња.

Таа рече дека 137.000 од овие гласачки ливчиња се наоѓаат во најголемиот округ во државата, округот Марикопа, но дека по објавувањето на новите резултати, тој број ќе падне под 100.000.

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џо Бајден, во Џорџија продолжува да расте кон крајот на пребројувањето на гласовите во однос на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Слика од екран од Си-Ен-Ен во живо, од 7.11.2020г. снимена во 9 часот и 30 минути.

Во Невада која носи 5 електорски гласови предноста на Бајден пред Трамп е 22.657 гласови.

Бајден во Џорџија сега е во предност во однос на Трамп со 7.248 гласа, кој водеше пред да стигнат гласовите испратени по пошта.

Во Пенсилванија, државата со 20 електорски гласови, Бајден во моментов е во водство пред Трамп со 28,833 гласови.

Бајден вкупно досега има 74.391.033 гласови, најмногу во историјата на САД што освоил еден претседателски кандидат, а Трамп заостанува зад Бајден со повеќе од 4 милиони гласови.

За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласа од вкупно 538 електорски гласови.

Бајден засега има 253, а Трамп 213 електорски гласови.

Досега се преброени повеќе од 99 проценти од гласовите.

Џо Бајден имаше видео обраќање во кое нагласи дека иако сè уште немаме конечна потврда за победа, броењето на гласовите низ САД ни укажува за јасна и убедлива приказна – Ќе победиме во оваа трка, нагласи Бајден.

– Она што станува се појасно во секој час е дека рекорден број Американци од сите раси, вери, религии избраа промени. Тие ни дадоа мандат за акција за Ковид-19, економија, климатски промени, системскиот расизам. Тие јасно го ставија тоа до знаење. Тие сакаат земјата да се обедини, а не да се распаѓа. Народот го кажа своето, рече Бајден.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Реформа на националната Пошта и укинување на монополот, евентуална приватизација или јавно-приватно партнерство

Најново

Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk