ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кои хороскопски знаци се најсклони кон депресија

November 8, 2020 23:25
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Депресијата е често и сериозно нарушување кое предизвикува долготрајно чувство на тага, безвредност, анксиозност и губење интерес за секојдневните активности. Депресијата е нарушување кое може да се појави кај секого, и тоа од разни причини. Според астролозите, депресијата е поврзана и со нашиот хороскопски знак, па поради ова некои знаци се посклони кон депресија од другите. Најчесто овие знаци се почувствителни и поинтуитивни. Покрај тоа улога играат и неколку лични одлики, како ниска самодоверба, самокритичност, песимизам и слично. Погледнете за кои знаци станува збор…

1. Риби

Рибите имаат најголеми шанси да страдаат од депресија. Тие се склони кон тоа да бидат маченици и да се жртвуваат. Овие луѓе се многу добри, но можат самите да се уништат, премногу да зависат од другите, а понекогаш и да изгубат допир со реалноста. Обично светот го гледаат преку „розови очила“ и нивниот поглед кон животот не е реален. Токму ова многу често ги остава разочарани. Кога Рибите се депресивни, тоа е најчесто поради тоа што не можат да го контролираат својот живот колку што сакаат. Сепак, тие секогаш одбираат да страдаат во тишина, дури и кога им е најтешко. За да ја избегнат депресијата, Рибите би требало да престанат да се жртвуваат и да не се обидуваат да ги задоволат сите околу нив.

2. Рак

Ракот е уште еден знак кој е навистина склон кон депресија и тага. Овие луѓе се многу чувствителни, грижливи и сочувствителни. Но, често се чувствуваат како никој да не се грижи за нив. Бидејќи Раковите се „мајките“ во астрологијата, тие имаат потреба да бидат потребни и да бидат сакани. Потребно им е признание и внимание за да се чувствуваат среќно и сигурно во животот. Нивната депресија често е резултат на тоа што премногу се вклучуваат во животот на другите и тоа што не можат да ја контролираат својата тага. На Раковите им е навистина тешко да се отворат пред другите и да ги кажат своите потреби, па и тие одбираат да страдаат во тишина. Ова се разбира, резултира со депресија. Лекот за нивната тага е да се опкружат со луѓе и семејство кои ќе ги поддржуваат и кои ќе ги разберат нивните чувства.

3. Скорпија

Скорпиите се луѓе кои ги чувствуваат емоциите длабоко и интензивно, па не е ни чудно што се склони кон депресија повеќе од другите знаци. Скорпиите секогаш се емоционално вклучени во нивните врски. Ова значи дека ако нешто не е во ред во врската, тие веднаш стануваат тажни и анксиозни. Едни од најголемите причини за појава на депресија кај овие луѓе се осаменоста, загубата и разделбата. Сепак, Скорпиите никогаш нема да признаат дека се депресивни или ранливи бидејќи се плашат дека некој ќе го искористи ова против нив. За да ја избегнат тагата, важно е да научат да ги контролираат нивните интензивни емоции. Исто така ќе им биде од корист ако имаат пријател со кој ќе можат да ги споделат нивните најдлабоки мисли и чувства.

4. Јарец

Јарците се склони кон депресија поради неколку причини. Иако овие луѓе обично остануваат смирени и под голем притисок, кога нивните емоции не се искажани тие може да завршат со депресија. Јарците најчесто се со мрачно расположение и позатворен ум и речиси се навикнати на депресивни ситуации. Па, депресијата не е нешто сериозно за нив. Овие луѓе често се чувствуваат одговорни за сè и секого, и кога не ги достигнуваат нивните високи очекувања, чувствуваат вина, па стануваат депресивни. Тие треба да научат да си веруваат и себеси и на другите. Треба да одберат неколку блиски и верни пријатели со кои ќе можат да ги споделуваат своите чувства кога се тажни.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Денеска започнува враќањето на парите од „Викенд без ДДВ“

НАЈНОВО

„Дон Кихот во Скопје“ – светска премиера на Концерт, изложба на слики и промоција на книга за деца

October 16, 2025

Студентите од Србија финалисти за наградата Сахаров 2025

October 16, 2025

ДИК го дистрибуира изборниот материјал, половина метар е најдолго гласачко ливче

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk