ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

Шахпаска: Нулта толеранција за насилство врз жените и семејното насилство е наш главен приоритет, очекуваме ова законско решение да биде поддржано и од пратениците

November 11, 2020 13:00
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска пред Министерството за труд и социјална политика оддржа прес конференција на која ја посочи важноста на Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, усвоен од Владата на Република Северна Македонија со што се обезбедува сеопфатен пристап и координиран мултидисциплинарен одговор во справувањето со овој тип на насилство во согласност со меѓународните стандарди.

„Нулта толеранција за насилството врз жените и семејното насилство за Министерството за труд и социјална политика е главен приоритет и оттука ова законско решение е темелот, основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.Овој Закон е важен дел од Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција,  која нашата држава ја ратификуваше во декември 2017 година,“истакна министерката Шахпаска.

Таа изрази убеденост дека Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во собраниската процедура ќе добие поддршка и од опозицијата, бидејќи насилството не познава партиска определеност, насилството не познава верска или етничка припадност, општествен или имотен статус.

„Родово базираното насилство врз жените и семејното насилство можеби некаде е повидливо, а некаде затскриено, но тоа постои и затоа пред него не смееме ниту да молчиме, ниту да го игнорираме. Напротив, треба да ја подигнуваме свеста за негово препознавање и постапување,“ рече Шахпаска.

Таа истакна дека насилството врз жените и семејното насилство не се приватна работа и затоа државата треба преку сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

„Токму затоа е важно сите заедно да застанеме зад ова законско решение, кое е подготвено во соработка со експерти и невладини организации и решение кое значи надградба на постојниот систем и зајакнување на севкупниот институционален одговор на родово-базираното насилство.

Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и  привремениот престој за:   жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца,  жените жртви на сексуално насилство и силување,  жртвите на трговија со луѓе, како и жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, е во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенција, информираше министерката.

Таа истакна дека оваа поддршка ќе биде обезбедена од институциите на системот – социјалната заштита, здравствените установи, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, здруженијата и единиците на локалната самоуправа. Како и дека Законот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, а со цел заштита на жртвите и нивна реинтеграција во системот.

„Судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот.

Жртвата има право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институции, а товарот за докажување е на страната на институцијата и лицето во институцијата што пропуштило да постапи согласно закон, а жртвите се ослободени од судски трошоци во текот на судската постапка,“ посочи министерката.

Таа истакна дека Предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство  е навистина сеопфатен и  овозможува конкретна заштита и поддршка за жртвите.

Next Post

ДСЗИ нема регистрирано пренесување на коронавирусот внатре во градинките и училиштата

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk