ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ FRONTACTION

Владанка Димковска: Новото никако да се прифати – старото никако да се прежали

November 12, 2020 14:20
in FRONTACTION, ZOOM IN
Share on FacebookShare on Twitter

#FrontAction

Сега кога ништо не е нормално копнееме да и се вратиме на нормалата. Кога ја имавме нормалата – и се смеевме во лице на природата.

Човечката природа е секогаш по барање на нешто што го нема во моментот. Изрезбано во нашата ДНК е фактот да мечтаеме по изгубени нешта, наместо да создаваме повозбудлива иднина. Тоа важи за сите полиња. За што и да е. Без разлика дали зборуваме за вирус, за земјотрес, поплави, за историја, за однос со некој близок. Научени да копнееме по нештата што сме ги имале а не сме ги вреднувале, сме ги имале а воопшто сме ги немале.

И сега расчеречени пред нашите огледала на одговорност очекуваме природата да ни се смилува, да си го повлече Ковидов назад во своето гнездо и да не остави на мира. Или очекуваме и ладнокрвно се однесуваме како ништо да не се случува во светот. Не знам дали ја доживуваме со вистинска силина одговорноста и товарот кој што го имаме како генерација, заглавена сегде – а посебно во пандемија.

Мака ни е да отвориме очи и да сносиме одговорност – затоа  ние не ја заслужуваме ниту слободата ниту природата, бидејќи ние повторно на улица ќе фрлиме пластично шише, и нема да се противиме ако никне зграда некаде. Нас ќе ни биде сеедно дали Вардар е чист или валкан. И ќе се противиме зошто има полиција која казнува за маски. Зошто мора да има, зошто ќе нема место по болници и ќе умираме по улици, заради нашата арогантност! Нашиот мал космос е привид во кој мора да си ги признаеме грешките и од оваа шлаканица што 2020 ни ја залепи – да извлечеме поука. Дека иднината се создава во сегашноста. Дека минатото е историја и не го дефинира мигов денес. Славата од 2019 постоела но – не може да го побие фактот дека во 2020 ќе седиме дома, сами со најблиските и истата руска салата – стрпете се – ќе славиме до година.

Зошто мора да изгубиме некој близок, да го осетиме на своја кожа, за да почнеме да се свестуваме.  Ништо не го менува фактот дека сме неодговорни, и дека цел живот како нација го живееме нашето однесување и последиците се фатални. Нашето национално IQ и ЕQ се под нула. Сакале ние да го живееме ова или не – пандемијата е стварност. Има луѓе што сеуште не веруваат во ништо. Скептици кои светот го гледаат како огромна теорија на заговор. Расчеречени ни се докторите меѓу нивните тези за 5г и чипови. Раскрварени им се очите на над 1000 семејства, заради немањето свесност и одговорност. И навистина ако сум најголем оптимист на светот – не верувам дека трулежот ќе се смени. Дека ќе замириса на цвеќе. Како и да е. Вакцина има. Полека се гледа крајот. Туку со кои очи ќе ги гледаме нашите деца, после овој крај, ако не доживееме вистинска катарза сега? Годинава е момент за земање здив и за раѓање. Во еден миг може да не снема. Пандемија, земјотреси, распаѓања.

Можеби ќе разбереме и што е најважно. Да имаме кого да држиме за рака. Некој да не чека дома. Да видиме на кого му се тресе срце дур нас ни се тресе под, на кого му се крши срце дур во наша крв тече вирус. А кога ќе излеземе појаки и кога се ќе мине. Тие луѓе да ги гушкаме до смрт и повторно раѓање. А на плоштадот може место Аце на коњ, да стојат гордо сите наши медицински лица зашто реално тие се вистински ВОИНИ што суштински ни требаат. Нека ова биде поттик, да се инвестира во човекот, да се создава во човекот, да се види капацитетот  на млади интелектуалци кои ќе застанат на чело кога ќе сме во неволја, и ќе ни помогнат, ќе бидат кормиларот на бродот кој ќе знае кај да оди. Нека ни биде ука дека ни треба кадар млад – а не споменици. Бидејќи да не се ставеа 5490 споменици на плоштадот, сега можеби ќе имавме болници. Нашите грешки од 2014 се одразуваат во 2020. Само се надевам дека се ќе мине. Нас ни требаат живи луѓе, кои ќе спасуваат животи, во згради во кои тие животи достојно ќе заздравуваат.

Не сакав веќе да пишувам за корона, ама тоа е се што не опкружува. Мојот живот не е ист, можеби никогаш нема да биде ист, ама ќе биде подобро. Тоа е она што сега нè дефинира и како луѓе, променливоста. Дур да стаса крајот. Стави маска. И молчи. Никој веќе да не се разболи.

Ве сака

В.

Next Post

Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk