ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изложба во рамки на манифестацијата „Го градам мојот град“ – 2020

November 13, 2020 10:13
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“ – 2020, манифестација посветена на најмалите од предучилишните установи.

Поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот град Скопје и државата, ДКЦ Карпош реши манифестацијата да ја одржи на поинаков начин.

„На наша покана децата од скопските градинки од поголемите групи направија макети со значајни објекти од градот Скопје. Објектот кој го одбраа да го изработат е по нивен избор. Градежниот материјал што го користеле децата за макетите е исто така по нивен избор и може да користат се што сакаат и сѐ што нуди природата. Децата за изработка на макетитете употребиле природни материјали, лисја, каменчиња, дрвцa, употребиле, боици, картон и друг прибор, а не ги изоставиле ни зрнестите продукти како што се леќата, оризот и зрна грав. Од сите овие работи произлегоа навистина прекрасни макети со градби, кои не би поверувале дека можат да ги направат деца од 4, 5 и 6 години. Покрај макетите добивме и фотографии од изработката на макетите односно фотографии како децата внимателно и посветено ги изработуваат“ наведуваат од ДКЦ Карпош.

Идеата, како што посочуваат, е сите творби од градинките да ги изложат во дворот на Центарот, да направат изложба, а потоа и преку видео, да се прикаже на ФБ страната на ДКЦ „Карпош“, како и на Јутуб каналот на центарот. Видеото од манифестацијата „Го градам мојот град “- 2020 ќе се прикаже денеска, на празникот на градот Скопје 13 ноември со почеток од 11 часот.

„Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата, колку големо значење има празникот 13 Ноември за градот Скопје“ велат од ДКЦ Карпош.

За градинките учесници на оваа манифестација, додаваат, предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка

Next Post

Запленето нелегално оружје и украдено возило во Прилепско

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски

Герасимовски со план во 10 точки за справување со кризата со отпадот

October 23, 2025

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk