Европските вредности им се потребни на нашите граѓани и ние продолжуваме да ја развиваме државата според овие принципи. Посветени сме на развојот на добрососедските односи, преку договорите со Грција и со Бугарија,има имплементација на Охридскиот рамковен договор, градиме едно општество за сите граѓани и сега цениме дека е време за фокусирана посветеност кон економијата, здравството, образованието и на областите што директно се однесуваат на квалитетот на живот на граѓаните во земјава.
Ова го итакнал премиерот Зоран Заев на средбата со новиот италијански амбасадор во земјата Андреа Силвестри.
Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот е изразена поддршка од Италија за евроатлантските интеграции на нашата држава. Констатирано е дека Република Северна Македонија историски, географски, културно и политички припаѓа на Европа и се изразени очекувања дека нашата држава ќе продолжи да се движи по европскиот пат.