ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи-Јанакакис: Грција ќе ја поддржи Северна Македонија на европскиот пат

November 13, 2020 14:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакакис, со кого разговараа за тековната економска соработка помеѓу двете соседни земји и проекти со кои дополнително ќе се унапреди соработката.

Амбасадорот Јанакакис посочи дека нашата земја може да очекува поддршка од Република Грција во имплементирање на реформите потребни за остварување на евро-интеграциските процеси и нагласи дека во интерес на Грција и на целиот регион е Северна Македонија да биде членка на Европската Унија.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Јанакакис разговараа и за спроведување на Договорот од Преспа, при што се заложија дека двете страни ќе ги почитуваат обврските кои произлегуваат од Договорот и дека тоа ќе придонесе за унапредување на меѓусебната соработка, особено во економијата, што пак позитивно ќе влијае на животниот стандард на граѓаните.

Вицепремиерот констатираше дека Република Грција и Република Северна Македонија континуирано остваруваат солидна економска соработка. Грција со години наназад е во првите пет земји во однос на  нивото на вкупната трговска размена и трета земја според нивото на странски директни инвестиции, што значи дека економските односи се на високо ниво.

Реформите кои ќе се спроведат во насока на исполнување на критериуми за членство во ЕУ, како и меѓусебното почитување на обврските од Преспанскиот договор ќе придонесат дополнително да се зајакнат односите помеѓу двете земји и уште повеќе да се засили економската соработка, посочи Битиќи на средбата и додаде дека очекува уште повисоко ниво на трговска размена помеѓу компаниите од двете земји, но и реализација на инвестиции на двете страни.

На состанокот се разговараше и за изградба на интеконективниот гасовод помеѓу Грција и Северна Македонија, со кој ќе се зголеми конкурентноста и сигурноста во снабдување на нашата земја со природен гас, но и ќе се влијае на подобрување на конкурентноста на стопанството генерално во регионот, при што Северна Македонија ќе стане енергетски центар на Балканот, преку кој со гас би се снабдувале и другите соседни држави.

Во разговор со Амбасадорот Јанакакис, Вицепремиерот посочи дека Владата во периодот кој следи силно ќе се посвети на дигитализација и поедноставување на процедурите во администрацијата, како и за поддршка на технолошкиот развој на стопанството, и рече дека за тој процес од исклучителна важност ќе биде искуството и знаењето кое го поседуваат институциите од Република Грција.  Северна Македонија е на европскиот пат, а искуствата за намалување на бирократските процедури, зголемување на транспарентноста на трошењето на народните пари, како и начините за сузбивање на корупција, кои ги има Грција, ќе бидат добредојдени во ефикасно и ефективно спроведување на реформите.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Јанакакис се согласија дека двете земји треба да продолжат да ги одржуваат добрите односи и да работат на унапредување на економската соработка, која е во интерес на сите граѓани во двете земји.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Kарантин и полициски час во некои општини во Косово

НАЈНОВО

AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025
Фото: Независни заедно

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

October 14, 2025

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk