ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Северна Македонија ќе продолжи со обидите да бара достоинствено решение

November 18, 2020 20:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Непосветувањето вистинско внимание, неангажирањето во земјите од регионот кој што географски му припаѓа на Европа, би претставувало стратешка грешка на Европската Унија. Кога не зборуваме гласно во одбрана на европските принципи ЕУ ослабува, без разлика дали сме граѓани на земја членка или земја кандидат за членство во Унијата. Задачата на проширувањето како европска политика е примена на нејзините вредности и тој процес не треба да биде во заложништво на билатерални прашања.

Тоа го истакнал вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во он-лајн обраќање на Европскиот самит во Прага на панелот насловен „Обновувањето по кризата предизвикана од КОВИД 19, како можност за посилна Европа од перспектива на земјите од Западен Балкан“, информира владиниот Секретаријат за европски прашања.

Осврнувајќи се на процесот на проширување, Димитров нагласил дека соочувањето со своите предизвици одвантре, оди рака под рака и со европскиот проект чија суштина е стабилноста, мирот и европскиот начин на живот кој се отсликува преку демократија чие начело е владеење на правото.

Димитров истакнал дека Северна Македонија ќе продолжи со обидите да бара достоинствено решение, почитувајќи го нашето право на самоопределување, во рамки на европските принципи.

-Истовремено, без разлика на исходот, европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата. Реформите ќе продолжат бидејќи вистинската цел на пристапниот процес всушност е токму европеизацијата, внесувањето на европските стандарди дома. Во тој процес секоја помош од нашите пријатели ќе биде добредојдена, рекол Димитров.

Тој на панелот нагласил дека справувањето со глобалната пандемија предизвикана од КОВИД 19 ја покажа солидарносноста на дело.

Европската Унија, како што навел Димитров, справувајќи се и самата со предизвиците од КОВИД 19, неодамна одобри Економски инвестициски план, со цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, но и да ја поттикне регионалната економска интеграција преку обезбедување грант во висина од девет милијарди евра во рамките на ИПА III, средства кои се од витално значење за закрепнувањето на економиите на земјите од Западен Балкан.

– Оваа финансиска помош е доказ за поддршката на ЕУ за Западен Балкан, која воедно има свој придонес  и во зајакнувањето на меѓусебното партнерство, рекол Димитров и потенцирал дека заедничкиот одговор во борбата против КОВИД 19, всушност потврди дека координираните политики и мерки може да го олеснат и да го забрзаат социоекономското закрепнување

Next Post

Заев: Огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада на нашиот пат кон ЕУ

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk