ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада на нашиот пат кон ЕУ

November 18, 2020 20:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдам дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, откако вчера Бугарија го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија и одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Тврдам исто така, дополнува Заев, дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери.

-Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да не сакаш“. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели, Блгарски Македонец, тоа се решава, вели Заев.

Тој повторува дека  немаме никакви претензии кон соседот.

-Јавно тврдам дека немаме ниту територијални, ниту малцински претензии, за да слушне тој и да му олесни на Бојко Борисов. Јавно тврдам дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Јавно тврдам дека заедничката историја е реалност и постои. Во таа заедничка историја се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство. Тоа е љубовта која што носи иднина. Другата љубов не е вредна затоа што носи раздор и непријателство. Јас сум убеден дека и Каракачанов, кој е претседател на партија со десна определба, не сака конфликти со своите соседи, не сака да ги раздели Македонците од Бугарите, тој сака да гради пријателство внатре. Тој ги знае моите ставови. Јас сум често домаќин на културни манифестации на Бугарите во земјава, наведува Заев.

Дополнува дека како премиер го возобновил и го подигнал споменикот на полковник Константин Каварналиев во Дојран, затоа што, наведува, се борел за слободи и права во Првата светска војна.

-Затоа што тоа може да биде мост на пријателство. Јас сум разговарал лично со градоначалници на општини и институции да тргнат табли на кои што се зборува за „непријателски” народи и да ја променат таа табла. Јас сум тој којшто работи, заедно со целиот мој народ, на јакнење на довербата, пријателството и братството на двата народи, но не можете нешто ако е изгубено со децении, за две години да го постигнете, треба дополнително време, а тоа зависи од сите нас,  истакнува Заев.

Next Post

Стејт департмент: Спорот да се реши надвор од пристапниот процес, САД со јасна желба првата меѓувладина конференција до крај на годината

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk