ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност

За изминатиов период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3000 студенти.

November 18, 2019 10:25
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите на Факултетот за музичка уметност вечер ќе одржат концерт во рамки на јубилејните 20. Есенски музички свечености, пренесе МИА.

На концертот што ќе се одржи во просториите на ФМУ, ќе настапат Анел Селим на кларинет, студент на втора година во класата на проф. м-р Стојан Димов, Стефан Неделковски на саксофон, студент на четврта година во класата на вонр. проф. м-р Нинослав Димов, и Мимоза Ќека, студент на трет циклус докторски студии во класата на проф. м-р. Тодор Светиев.

Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првата високообразовна и научна установа од областа на музичката уметност и балетската педагогија во Република Македонија. Основан во 1966 година како Висока музичка школа, во текот на сите години од своето постоење Факултетот ја врши својата мисија за подготовката на уметничките, педагошките, научните кадри за сите области на музичката и балетската култура и образование.

За изминатиов период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3000 студенти.

Меѓу нив се видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои ја сочинуваат основата на изведувачкиот корпус на националните музички ансамбли, музичките редакции во Македонската Радио Телевизија, наставниците во музичките училишта во земјата и надвор од неа.

Со делувањето на своите ансамбли (студентскиот симфониски оркесатар, хорот „Драган Шуплевски“, камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, оркестарот на народни инструменти), организирањето на концертните циклуси „Музика вива“ и „Од страниците на творештвото на композиторите“, како и со други активности сврзани со истражување и зачувување на културното наследство Факултетот стана важен чинител на музичкиот живот во Македонија. Студентите на ФМУ се редовни учесници на концертните програми на фестивалот „Есенски музички свечености“.

Next Post
Зоран Заев

Заев: Никој никогаш не носел вакви одлуки за аерозагадувањето

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk