ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Продолжуваме со заложбите, лицата со попреченост да бидат вклучени во општествениот живот на еднакви основи со останатите граѓани

November 20, 2020 17:38
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп .

На средбата соговорниците разговараа за потребите на лицата со попреченост, пристапот до помош, поддршка, лична асистенција во нивните домови, како и овозможување на еднакви основи, со  останатите граѓани бидат вклучени во општествениот живот . Притоа, се разговараше и за новиот Закон, кој Министерството за труд и социјална политика  сериозно го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост, Националниот Регистар на лицата со попреченост и Комисиите за функционална проценка на нивната работоспособност за да можат да бидат вклучени на пазарот на трудот.

„Разговаравме и за  додатоците односно паричните права на лицата со попреченост, во делот на посебниот додаток на младите лица до 26 години, личната асистенција како начин на нивно вклучување во општеството и можноста за поголем опфат на овие лица и како заеднички да ги движиме работите во вистинска насока,“ изјави Шахпаска.

Таа посочи дека изминатиот период заеднички се  покренати и  прашањата за имплементација на Конвенцијата за лицата со попреченост во членот 29 , за нивната политичка вклученост, во процесите на избирање, да бидат бирани и да имаат пристапност до гласачките места, процеси кои се прилично  придвижени.

„15 отсто  од општата попоулација ја сочнуваат лицата со попреченост,  таа бројка во нашата држава е е околу 300.000 граѓани.

Како одговорни носители на политики, продолжуваме да правиме се за нив, но не без нив,“ порача министерката Шахпаска.

Од страна на претставниците на  Полио Плус, беше посочено дека заедничката соработка со Министерството за труд и социјалана политика продолжува и понатаму особено во делот на експертиза од  нивна страна, со цел создавање на добар систем на градење приоритети кои се од клучно значење за лицата со попреченост.

Next Post

Засилен северен ветер вечерва и утре, на планините услови за слаб снег

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk