ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници

November 24, 2020 16:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ кажа дека Министерството веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.

За составување на квалитетен текст на законот веќе како министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени, бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон кој дополнително ќе ги заштити слободно да си ја извршуваат одговорната работа, а сите оние кои ќе се обидат да ги заплашуваат или пак физички или вербално да нападнат новинари, односно медиумски работници, ригорозно да се казнуваат, потенцираше Маричиќ.

Министерот кажа дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложил измени во одредени кривични дела oд потежок облик, секако доколку делото е сторено против новинар. Казните во иднина треба да бидат уште построги.

Сакам уште еднаш јавно да ги повикам новинарите, претставени преку нивните синдикати и здруженија да ги продолжиме разговорите со цел да се донесат што поквалитетни закони кои ќе ја гарантираат нивната безбедност и слободна работа, потенцираше Маричиќ.

Покрај законските измени, Маричиќ истакна дека сепак една од најзначајните забелешки на темата се во насока на тоа дека е потребно поефикасно постапување од страна на институциите кои се надлежни за истражување и санкционирање.

Next Post

АД МЕПСО: Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви од АД ЕСМ

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk