Раководам со ресор кој сè уште се смета за машки, но ете не, стануваме членка на НАТО, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска на одбележувањето на дводецискиот јубилеј на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста“.
„Веќе две и пол години, одбраната на Република Северна Македонија е водена од жена, и да се послужам со некои машки реплики – сонцето и понатаму изгрева на исток.
И да не заборавам – Северна Македонија влегува во НАТО кога на чело на одбраната е жена. И платите во одбраната се повисоки. И законите подобри. Пари има повеќе и подомаќински се трошат. Но секако тука е и поддршката за нашите колеги, заеднички работиме за нашата земја“. додаде Шекринска.
Ако ги соберете буџетите на министерствата предводени од жени, ќе видите дека иако сме само 4 наспротив 12, вкупниот буџет е два пати поголем од буџетите на нашите машки колеги. Премиерот имал доверба во нашето менаџирање на парите. И со право. Од 5-те првопласирани министерства по прашањето на транспарентност и интегритет во јавните набавки, 4 се токму министерствата предводени од жени, тоа е доказ дека знаеме да работиме чесно и домаќински, доказ за нашите успешни политики, заклучи заменик претседателката Шекеринска.