ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Со квалитетно образование до превенција и спречување на насилство врз девојчињата и жените (ВИДЕО)

November 25, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќањето по повод одбележувањето на 16 дена активизам рече дека за родово базираното насилство треба гласно да зборуваме постојано, а не само во деновите кога трае кампањата.

Царовска која е и долгогодишна активистка во борбата и јакнењето на женските права, рече дека Владата, но и Министерството за образование и наука посветено работат на искоренување на насилството врз жените и девојчињата, а тоа се прави во сите сегменти во општеството и низ образованието.

„Моите лични заложби, но и заложбите на Министерството за образование и наука се низ образовниот процес да создадеме ненасилно однесување на новите генерации, да го искорениме насилството во каква и да е форма од нашето секојдневие и да поттикнеме толеранција и почит. На ова веќе посветено работиме со укинување на учебниците кои содржат родови стереотипи и поттикнуваат агресивност и понижување и преку воведување на нови наставни материјали кои ја унапредуваат родовата еднаквост и различностите”, рече Царовска.

Министерката истакна дека големо позитивно влијание на сето ова ќе има и воведувањето на сексуалното образование во основното образование, како и јакнењето на стручните служби во основните и средните училишта кои ќе работат на заштита на менталното здравје на учениците и на наставниците.

„Како Влада изминатите години направивме многу за превенција и заштита од родово базирано насилство. Почнувајќи од ратификација на Истанбулската конвенција, до засилување на мрежата за помош и поддршка и поставување механизми за едукација и превенција. Но, ова е битка која мораме да ја водиме сите заедно, како општество.

Затоа, денес ве повикувам никогаш да не премолчуваме насилство, да делуваме во име на сите оние на кои им треба нашата помош. Да одговориме на предизвикот кој го нарушува најсветото – безбедноста и сигурноста на секој од нас. Портокаловата е само боја се додека не прерасне во симбол, во заедничка заложба. А, за тоа сме потребни сите. Да пријавуваме насилство, да подадеме рака, да помогнеме”, рече Царовска.

 

Next Post

Спасовски: Координирани институции со јасни процедури за работа се ефикасен одговор против родово базирано насилство

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk