ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Единствените кои немаат право да ни говорат е партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот

November 28, 2020 15:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Можеби единствените кои немаат право да говорат многу за нашата антифашистичка борба е токму партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот. Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа горда епизода во нашата историја, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска во одговор на новинарско прашање околу најавата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за барање на доверба за премиерот Зоран Заев, по неговите изјави за бугарски медиум.

Таа нагласи дека опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи во Собранието и оти, како демократи тоа ќе го прифатат, се подготвуваат, и од тоа ќе излезат како победници.

– Опозицијата има апсолутно право да поднесува иницијативи во Собранието и тоа ние никогаш нема да го критикуваме ќе го почитуваме како дел од политичката култура во нашата држава што не може да се каже за другите начини на нивно функционирање како што е последниот обид уште еднаш да го блокираат работењето на Парламентот, истакна Шекеринска.

Таа неведе дека, луѓето кои во јуни месец ги блокирале фондовите на Светска банка за да не можеме денеска да имаме повеќе модуларни болници пред сите болници во поголемите градови низ државата, денеска се трудат целосно да го блокираат и Собранието во условина тешка епидемија.

– Така што за иницијативите за доверба нека повелат. Мислам дека тоа повеќе ќе зборува за нивната слабост отколку за нивната сила и ќе покаже дека сите овие иницијативи да се стават сопки во најтешкото, да се блокираат институциите во најголемата криза покажува дека единствената битка која ја водат е како да си ги сочуваат сопствените партиски фотелји, а не како да и помогнат на државата, нагласи Шекеринска.

Министерката за одбрана потенцираше дека како држава сме единствена можеби која што не го решава проблемот на изолирани или заболени пратеници.

– Претениците во Собранието не се само граѓани со име и презиме, тие се претставници на 6000-7000 граѓани и кога некој не им дозволува да учествуваат во дебатата, да гласаат, да го кажат своето мислење и да придонесат тој всушност работи против интересите на граѓаните коишто ги претставуваат. Затоа веќе видено е најавата на барање на доверба, потенцираше Шекеринска.

Next Post

Филипче: Мерките мора да се почитуваат, воопшто не ги оправдувам мешаниците во моловите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk