ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Подобро е работите да се менуваат бавно и мирно, отколку брзо и крваво!

Резултатите на оваа влада и во апсолутна смисла и особено во однос на ресурсите со кои располага, се епохални. Да повториме: ЕПОХАЛНИ. И тоа точно на темите на кои е најмногу е напаѓана: Договорите со Грција и со Бугарија, пред сѐ, смената на името и етаблирањето на преземените обврски, неверојатните меѓународни пробиви кои во октомври и декември треба да добијат завршна форма и нестварните обиди да се рехабилитира институционалниот поредок, посебно во правосудството, на европски начин. Во услови на уште поепски отпори на злосторничкото здружение на вмро-дпмне и на придружените им членови од листата за трансфери на демократскиот свет: Геро, Меро, Владе, Маде и сличните иверистички отпадоци по патосот на општествената пилана.

September 24, 2019 16:09
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Да има некој да им ја замени вистинската слика за Македонија со добар фалсификат, луѓето нема ни пет секунди да стојат пред платното „Рекет“ или пред скулптурата „Новото име“. Во својот вистински вредносен систем, Македонците не даваат пет пари ниту за оригиналите на овие дела, но стравуваат дека ќе бидат прогласени за некултурни, неодговорни, национално бесчувствителни, ако на сиот глас, пред сите, да чуе, што се вели, цело село, не викаат “леле, леле, леле”, додека на тезгите на Зеленото пазарче ги тегнат за брадавиците бујните цицки на марулите. И затоа влегуваат во манирот на испотресеноста и моралната паника, кога секој инцидент го гледаат, затоа што така им е сугерирано да го гледаат, како знак дека општеството и државата се во претсмртна агонија.

Стара баба, во десната рака крева зелена салата со засушени надворешни листови и вика: не бива од нас држава, оди купи ваква марула во Холандија да те видам, ама таму има власт, а ние што, што направи Заев, ништо, ништо, не нѐ бива, дефинитивно не, не нѐ бива!

Има ли одбрана од таа самонегација?

Можеби навистина не нѐ бива, но, од каде е оваа самоизмачувачка страст која тоа тврдење така самозадоволно ни го сервира секој миг?

Со така похуван мозок, Македонецот ми заличува на самоубиец кој од симсот на Музејот на револуционерната борба на македонскиот народ против слободата, се заканува дека ќе скокне, ако некој се обиде да го спречи, замислете ја вие таа парада, ама никако да скокне. Можеби затоа што никој не се ни обидува да го спречи. Циникот, кој долу им се смее на сеирџиите кои му дофрлаат да не се движи блиску до зградата, зашто може да се случи по цена на својот живот да го спаси Македонецот, ако овој погоди да падне врз него кога ќе реши да скока, им одговара и на нив и на човекот под стреата: „не ве бива ниту да се утепате ко луѓе, бре, каков народ сте вие!”

Хахаха!

Каква е оваа хистерија?

Баба Румена ги заебала кравите во шталата и дошла во дневната соба со слика на Александар Македонски над шпоретот на дрва, да зјапа во телевизорот, да види што ќе каже Мицко, па коментира: Како ни го начукаа ова комунистите, па тоа е така за жалење, вака ли ќе правиме држава, со тие предавници, млекото и крвта ни ги испија!

Луѓето се изместија, односно ги изместија од секојдневните обврски на нормалните човеци и сите отидоа да се занимаваат со државните работи. Во една апсолутна контрадикторност: сите надежи, сите интереси, сите побарувања од животот, ги префрлија на државата, па се наредија на првото ритче да ја плукаат, мочаат и навечер засеруваат, како нешто што не го бива и не ги исполнува нивните очекувања.

Сите престанаа да си ги молзат своите крави и ѝ се свртеа на државната крава, полумртва, физички и ментално уништена, безмлечна, ѝ секнало млекото, главно од други, мафиотски причини, но, и од страшната недоверба кај луѓето, животното не сака ниту да мукне.

Се разбира дека сѐ е тоа поза.

Но, опасна поза.

Поза во која луѓето веруваат повеќе отколку во себе.

Таа хистерија ги разорува сврзувачките елементи и државата останува да виси без својата елементарна внатрешна кохезија.

Не е идејата на „рекет“ и на целата ова аферашка хиперпродукција, Заев и владата на сдсм да се издигнат на нивото на големи криминалци, туку да се спушти вмровскиот криминал на нивото на баналноста, да се поопштестви и да му се загуби класата на монструозноста и неповторливоста. Тоа е едната димензија на овие сапуници што непрекинато се емитират во јавниот простор, а втората, присутна и во оваа околу криминалот, но и многу пошироко, е да се нормализира ненормалноста. Ненормалност во ставот, во поведението, во образованието, во настапот, во се. Ненормалноста да се стандардизира како пожелен и исплатлив начин на однесување и постоење. Луѓето да сакаат да бидат вморони затоа што во тој ненормален сетинг можат да успеат. Отсекогаш сум тврдел дека тоа не е спонтано створен феномен, туку дека е произведен, прво, како вирус во лабораториите на специјалната војна, во случајот против Македонија, водејќи, се разбира, сметка за геополитичките контексти кои треба да се напаѓаат, а потоа како агенс пуштен во медиумите и во јавноста како чиста и опасна болест.

Тој момент упорно се потценува од страна на таканаречената демократска јавност.

Вториот момент, кој, пак, се преценува, е дека сиве овие работи се нормална работа за една демократија. За Македонија тоа не важи затоа што основниот конфликт тука ги пробива рамките на демократскиот систем и на демократскиот контекст и се оформува како битка “за” и “против” Македонија. Без да навлегуваме колку овие што ја туркаат работата кон пропаст на оваа држава, тоа го прават свесно (јас знам дека има и такви) или несвесно, а понекогаш дури и со најдобри намери.

Трето, Македонија не е во ситуација кога проблемите може да ги решава со промена на власта. Мислам дека тој циклус е завршен, односно неговите перформанси се исцрпени и сега главното прашањето е како да се консолидира институционалниот и политичкиот систем, врз основи кои можеме да ги сметаме за минимум здрави и одржливи.

Четврто, во фазата во која е денеска Македонија, во некои други држави транзицијата ја привршуваа со убиства, оружени пресметки, атентати, експлозии и диверзии, на дневна основа. Имаме карактер, веројатно и среќа и по некое уште вредносно сидро, што оваа општествена ферментација кај нас се одвива по тарабите на Фејсбук и по порталите, добро и по радиоактивните телевизии, а не со бомби и патрони, а тоа е голема работа. Во тој поглед клучен е ставот и заслугите доминантно одат на сметката на власта и на нејзините доктрини и политики со кои јас секогаш не се согласувам, но кои очигледно во оваа смисла даваат резултати. Кои ќе ги потценуваме се додека некој идиот, чипиран што почипиран не може да биде, значи вморон, реши да ни покаже како е тоа кога работите се решаваат на поинаков начин.

Резултатите на оваа влада и во апсолутна смисла и особено во однос на ресурсите со кои располага, се епохални. Да повториме: ЕПОХАЛНИ. И тоа точно на темите на кои е најмногу е напаѓана: Договорите со Грција и со Бугарија, пред сѐ, смената на името и етаблирањето на преземените обврски, неверојатните меѓународни пробиви кои во октомври и декември треба да добијат завршна форма и нестварните обиди да се рехабилитира институционалниот поредок, посебно во правосудството, на европски начин. Во услови на уште поепски отпори на злосторничкото здружение на вмро-дпмне и на придружените им членови од листата за трансфери на демократскиот свет: Геро, Меро, Владе, Маде и сличните иверистички отпадоци по патосот на општествената пилана.

Тоа значи дека треба да сме благодарни, а не да бидеме незадоволни, како што сега се многумина, ако работите се менуваат бавно и мирно, тоа е многу подобро, отколку ако се менуваат брзо и крваво.

 


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk