Во врска со пронајдените неексплодирани убојни средства при изведување на градежни работи на Градскиот стадион место викано „Под тумбе кафе“ во Битола, на ден 01.12.2020, во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа координативен состанок со претставниците од Армијата на РСМ и МВР за организирање на активности за уништување на средствата.
Договорено е се, сите подготвителни мерки и активности, согласно законските прописи и процедури за уништувањето на пронајдените гранати, на армискиот полигон во Криволак. Поради големото количество на неексплодираните средства Дирекцијата за заштита и спасување од Армијата побара поддршка за транспорт.
Активноста ќе трае до уништување на сите неексплодирани убојни средства пронајдени и отстранети од локацијата.