ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

December 4, 2020 07:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од 9,9 проценти од БДП во земјите од ЕУ.

Од друга страна, секој наш граѓанин во 2018 година на здравствена заштита од свој џеб потрошил околу 65 евра, од кои 24 евра на лекови и помагала, а 36 евра на здравствени услуги надвор од болниците.

Според податоците на Евростат, земјите во ЕУ во просек на здравствена заштита потрошиле 9,9 проценти од БДП во 2018 година. Најмногу за здравство одвојуваат Германија – 11,5 проценти, Франција – 11,3 и Шведска со 10,9 проценти од БДП. Од друга стрна, најмалку на здравствена заштита одвојува Луксембург – 5,3 проценти и Романија – 5,6 проценти.

Но, доколку се гледа колку државите трошат на здравството по глава на жител тогаш најмногу одвојувале Данска – 5 260 евра, Луксемгург – 5 220 евра и Шведска – 5 040 евра по жител, а најмалку Романија – 580 евра и  Бугарија – 590 евра по жител.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Статистичкиот годишник, вкупните расходи на здравствена заштита и социјални бенефити во 2019 година кај нас изнесувале 31 276 милиони денари или 507 милиони евра, од кои само на здравствена заштита 27 307 милиони денари или 443 милиони евра. Од нив најмногу 10 172 милиони денари биле за болнички услуги, 8 514 милиони денари за специјалистичко-консултативна заштита и 7 647 милиони денари за примарна здавствена заштита.

Ако се врзат овие податоци со БДП-то за 2019 година кое изнесувало 689 425 милиони денари или 11 195 милиони евра, тогаш излегува дека државата во 2019 година потрошила 4,5 проценти од БДП за здравствена заштита.

Според статистичките податоци, во нашата земја живеат околу 2 073 702 жители, што значи дека по глава на жител државата троши 244 евра на здравствена заштита.

Граѓаните во 2018 година на здравствена заштита потрошиле вкупно 8 023 милиони денери или 130 милиони евра, од кои на лекови и помагала – 48 милиони евра, на здравствени услуги надвор од болниците – 72 милиони евра и на здравствени услуги во болниците 9 милиони евра.

Според ДЗС, во 2018 година сме имале вкупно 8 754 здравствени работници од кои  6 329 лекари, 3 822 специјалисти, 1 862 стоматолози и 1 104 фармацевти.

Вкупниот број на болнички кревети во 2018 година изнесувал 3 243 од кои на хурургија 1 637, педијатрија 726 и гинекологија и акушерство 880. Бројот на болнички постели изнесува вкупно 8 754, од кои во општи болници – 3 969, клиники и институти – 2 034 и специјалситички болници и центри за рехабилитација – 2 671.

Северна Македонија со 4,2 болнички кревети на 1 000 жители е под просекот од 5 болнички кревети на 1 000 жители во ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче на состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19, благ пад на новозаразени

НАЈНОВО

Без вода дел од корисниците на „Ленинова“ и „Чедомир Миндеровиќ“

October 16, 2025

Временско ЕХО – 16 октомври

October 16, 2025
Анаис

ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 16 ОКТОМВРИ

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk