ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Вакцините ќе пристигнат најдоцна до март, не се задолжителни – зошто токму Бучковски?…

December 4, 2020 18:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Бучковски - Меркел - Вајгел

Бучковски - Меркел - Вајгел

Share on FacebookShare on Twitter

Нема напредок на дводневната 11. средба на македонско-бугарската комисија, проблем употребата на придавката македонски. Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава  во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

Филипче: Никогаш немало препораки починатите од КОВИД-19 да се погребуваат во лимени ковчези. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези, рече на денешната прес-конференција Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Твитер мајтап со протестите на Мицкоски: „Луѓе нема, и за претседател на Куќен совет не може да победи“. Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласија дека е ова победа на власта.  Според информациите од терен на повиците на првиот човек на партијата не се одзиваат повеќе од 50 до 100 партиски функционери. Енергијата е на нула, а разочараноста видлива, пишува media.mk.

Филипче: Вaкцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна и нема да е задолжителна. Во однос на динамиката на пристигнување на вакцините, Филипче најави дека се очекува преку ковакс механизмот, на почетокот на следната година да пристигнат, веројатно во првите два до три месеци.

Нема потврда дека лекот фавипиравир има ефекти во лекување на ковид, вели Филипче. Додаде дека тој лек се користи за инфлуенца, за грип и оти додека не бидат завршени студиите не може да бидат сигурни дека помага и кај пациенти заболени со Ковид.

Филипче: Обезбедени се 833.000 вакцини против Ковид-19, аплициравме за 800.000 дополнителни дози. Министерот потенцира дека вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците, ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање согласно спецификите на вакцините и сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени.

Османи: Имаме недвојбена поддршка од сите земји членки на ЕУ, останува прашањето со Бугарија. Холандскиот министер за надворешни работи во холандскиот парламент јасно ја образложи поддршка на Холандија за започнување на преговори на Северна Македонија, констатирајќи го прогресот на земјата и во делот на надминување на разликите и во делот на реформскиот пат, рече Османи.

Холандската амбасада со демант: Лажна е веста дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка.

Зошто токму Бучковски? Ако се пребара архивата, ќе се забележи дека оваа одлука на премиерот ни најмалку не е случајна. Бројни се меѓународните контакти и постигнувања на Бучковски во периодот кога тој беше премиер, но и пред и потоа.

Владанка Димковска: Културата е наш идентитет! Имавме дестртуктивно минато – време е за конструктива иднина – со добро проживеана сегашност.

Спасовски: Во 2021 набавка на нови полициски униформи, двојазичните во постапка пред Владата. Министерот Спасовски истакна дека Секторот за внатрешни работи Тетово во изминатите три години има сериозно подобрување во резултатите.

Калеска -Ванчева: Неодговорното ДПМНЕ го блокира Законот за здравствена заштита и работи против функционално Собрание. Колку и да е за несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, тие нема да успеат да ги блокираат реформите, да го блокираат напредокот на државата, истакна Калеска -Ванчева на денешната прес конференција.

Писма со закани до експертите за Ковид-19 во Холандија.  Членот на комисијата Андреас Фос изјави дека во пораката е наречен „страшен мајмун“ и дека го повикуваат да се врати во Германија.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шахпаска: Деинституционализација е вклучување на лицата со попреченост во секојдневното општествено живеење согласно нивните способности

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk