ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Работи кои не смееме да ги правиме во зима!

December 8, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во зима кожата почнува да го губи својот сјај и да станува сува и чувствителна. Посебно сега кога сме соочени со светска пандемија и сме се почестно затворени дома и не сме толку активни, може и треба да се фокусираме на некои од нашите лоши навики и да се одвикнеме од нив Ова се неколку работи со кои несвесно ја оштетувате кожата.

Долго туширање под жешка вода. 

Долгото туширање под жешка вода може да ве опушти, но ќе ви ја исуши кожата, ќе ја уништи и распука. За време на ладните месеци туширајте се пократко и не користете премногу топла вода, за да не ги отстраните сите есенцијални масла од кожата. По можност, користете и непарфимирани сапуни, или сапуни на природна база. Така ќе и дозволите на кожата да дише. Исто така во било кое време се препорачува и ладен туш, со кој се отвараат порите на целата кожа. 

 

Користите премногу тоник

Тоникот за лице е одлично средство за повремено освежување на изгледот на кожата додека е топло времето, но не и кога ќе залади. Тој може да ја отстрани природната маснотија на вашето лице, поради што кожата ќе ја произведува во поголеми количини, а со тоа ќе се зголеми и појавата на акни. Тоникот на база на алкохол особено ја суши кожата и најдобро е во целост да го избегнувате. Или може да користите природни тоници – како чај од камилица, зелен чај или пак чај од нане.

 

Не користите крема за заштита од сонце

Без разлика на времето, постојано треба да ја заштитувате кожата од сончевите зраци. Постојаната заштита од сонце ќе ви помогне да ги намалите шансите за рак на кожа и ќе се намали појавата на ситни брчки. Чувајте ја кремата со заштитен фактор во близина на останатите продукти кои редовно ги користите, за да не заборавате постојано да се мачкате.

 

Користите премногу парфем

Голем број парфеми и тоалетни води содржат алкохол, што може да предизвика сува и иритирана кожа или да го влоши здравјето на веќе испуканата кожа. Парфемот нанесете го на облеката, а не на кожата. Ако имате чувствителна кожа, подобро заборавете на парфемите.

 

Недостаток на хидратација

Хидратацијата е камен-темелник на здравата кожа во кое било годишно време, но тоа е најизразено во ладните месеци. Вашите раце, пети, колена и вратот се подрачја на кои морате да им посветите повеќе внимание.

 

Не вежбате

Голем број луѓе престануваат да вежбаат штом ќе дојдат ладните месеци. Кондицијата треба да ја одржувате во текот на целата година. Недостатокот на активност е директно поврзан со зголемен стрес, зголемена тежина и лош сон, што влијае врз целокупното здравје.

 

Заборавате на усните

Остриот студ во спој со греењето во затворените простории е лоша комбинација за вашите усни. Усните немаат лојни жлезди кои на остатокот од телото му пружаат заштита (затоа на усните не може да дојде до појава на акни). Лижењето на усните може да пружи моментално олеснување, но тоа дополнително ќе ги исуши. Балсамите за усни ќе ви помогнат да ја одржите нивната влажност. Солените јадења и циметот ги сушат усните, па пробајте да ги одбегнувате. Пазете и да не ви останува паста за заби на усните, бидејќи и таа ги суши.

Next Post
Бојко Борисов

Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент со порака до Бугарија

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk