Алое Вера или уште го нарекуваат „чудесно растение“ е лековито растение, кое многу народи на планетава го сметале за благотворно за низа болести.
Вера – vera на латински значи вистинa, а Алое – Alloeh на арапски значи “сјајна горчлива материја”. Името се однесува на Aloe barbadensis miller, кое се смета за “вистинско Алое”, помеѓу триста видови од кој само неколку се лековити. Алоето е повеќе годишно растение со кратки цилиндрични стебленца има дрвовидна форма, со висина до три метри.
Алое Вера ги има следниве лековити својства:
имуностимулативно – ја јакне отпорноста на организмот
детоксифицирачко – го чисти организмот од токсични материи и разни хемиски супстанции
антиоксидантно, антивирусно, антибактериско, аналгетско, антидијабетско.
го стимулира варењето и го неутрализира вишокот на желудочни киселини
ја нормализира pH вредноста на столицата, ја регулира работата на цревата
го поттикнува метаболизмот и функцијата на сите внатрешни органи
помага при многу инфективни, ревматски, белодробни, крвни, нервни, бенигни и малигни заболувања
помага при сите заболувања на гастроинтестиналниот тракт, цревни паразити, улцери, колит, кронова болест, хемороиди, хепатит, цироза, уринарни инфекции, астма, проблеми со простатата, општа слабост на организмот како и при одвикување од пушење и алкохол.