Меланија Трамп е вистински пример дека на убава жена сè и стои добро, првата дама на Америка привлекува внимание со што и да облече.
Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Доналд Трамп, ќе остане запаметен по многу работи, а меѓу најимпресивните секако ќе биде и беспрекорниот моден вкус на неговата сопруга. Меланија отсекогаш била жена со префинет вкус, која привлекувала внимание каде и да се појави. Иако оваа година го прослави својот јубилеен педесетти роденден, таа ја задржа својата става, а нејзиниот вкус за мода се подобри со возраста.
Имено, познато е дека Меланија обожава да носи палта, се чини дека ги има безброј во нејзината гардероба. Тие често се дел од нејзините комбинации на облека, а ги носи во сите материјали и во сите бои. Сепак, тие обично се скроени за да ја истакнат нејзината беспрекорна половина и да ја истакнат нејзината фигура.
Така беше и овој пат. За политичкиот собир во градот Валдосту Меланија Трамп избра црн фустан со едноставен дезен, кој се гледаше под совршеното палто.
Станува збор за кожен модел на палто „Александар Меквин“, темно црвена боја. Комбинацијата ја комплетираше со салонка со животински принт во црно бела боја.