ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Политико“: Премногу дури и за Меркел – ни „Мути“ не можеше да направи се да биде подобро

December 10, 2020 11:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во поголемиот дел од изминатата деценија и половина, ЕУ генерално можеше да смета дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе дојде на помош за сè, но случувањата во текот на оваа година покажаа дека ни популарната „Мути“ не можеше да направи сè да биде подобро, оценува бриселскиот портал „Политико“.

– Со пандемијата со коронавирусот, бесконечните преговори за Брегзит, ќор-сокакот околу буџетот и низата геополитички тензии, особено во Источниот Медитеран, 2020 година создаде пеколен пејзаж од проблеми во политиката, што покажа дека цврстата рака на матријархот во Европа е веќе надмината, оценува порталот.

Според „Политико“, покрај сите овие внатрешни и глобални проблеми на ЕУ, остана нереализирана и една од главните цели на германското претседателство со Унијата – старт на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

– Почетокот на преговорите со Северна Македонија беше блокиран од бугарскиот премиер Бојко Борисов, политички сојузник на Меркел, додава порталот.

Според, „Политико“, германскиот министер за европски прашања Михаел Рот призна дека настанатиот ќор-сокак околу проширувањето на Унијата претставува „тежок удар“ за германската политика на Западниот Балкан, оценувајќи дека Берлин „не бил толку успешен во напорите за убедување како што би сакал“.

– За противењето на Бугарија, поттиканто од историски јазичен спор, не е виновна Меркел, но неможноста на канцеларката да изврши притисок врз Борисов сугерира дека нејзиниот авторитет можеби е намален, сега кога влегува во последната година од нејзиниот мандат, оценува „Политико“, заклучувајќи дека планираниот старт на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија останува како едно од неколкуте проблеми што ќе ги наследи Португалија, која го презема претседавањето со Унијата од 1 јануари. /МИА/

Next Post

Ангеловска-Бежоска на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Порелаксираните финансиски услови да се искористат за финансирање иновативни проекти

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk