ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Влада: Разгледана и усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг

December 10, 2020 17:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 27-ма седница, го утврди текстот на Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година.

Владата прифати 18 амандмани за измени и дополнувања на Предлог-буџетот за 2021, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2021 година да биде доставен во Собранието на Северна Македонија на усвојување.

Во оваа насока беа прифатени и заклучоци кои гласат: кај буџетскиот корисник – Уставен суд на Република Северна Македонија да се предвидат дополнителни средства во износ од 9 милиони денари, во делот наменет за плати и надоместоци, како и  со Измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година да се обезбедат дополнителни средства за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис.

На оваа седница на предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2021 – 2023, со дополненија до 2025 година, во која се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Беше разгледана и усвоена и Стратегијата за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2021-2023 година, со дополненија уште за две години до 2025 година. Со Стратегијата за управување со јавен долг, согласно со Законот за јавен долг, се утврдува висината на јавниот долг  на среден рок, максималниот износ на нето задолжување во првата година во која се однесува стратегијата, максималниот износ на ново издадени државни гаранции во првата година за која се однесува стратегијата и структурата на државниот долг.

Стратегијата за управување со јавен долг ѝ дава рамка на Владата на Република Северна Македонија за дејствување во насока на прудентно управување со јавниот долг на државата на среден рок. Целите на политиката за управување со јавниот долг коишто се утврдени со Законот за јавен долг се: финансирање на потребите на државата со најнизок можен трошок, на среден и долг рок и со одржливо ниво на ризик; идентификација, следење и управување со ризиците на кои подлежи портфолиото на јавниот долг и развој и одржување на ефикасен домашен финансиски пазар. Остварувањето на овие цели ќе се реализира преку дефинирање на краткорочни и среднорочни лимити на одредени индикатори на должничкото портфолио.

На денешната седница, беше разгледан и усвоен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, со кој се предвидува извршување на усогласување на основниот текст на законот со позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, со цел обезбедување прогресивно, праведно оданочување, а кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.

Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои  данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот.

Со одредби од овој Закон се  пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и  физичките и правни лица  кои нема да  пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на  овластените службени лица во Шумската полиција, при што се задолжува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамките на своите буџетски можности да пренамени средства од својот буџет и да обезбеди средства за обврските согласно содржината на Информацијата, како и задолжување за  Министерството за финансии при подготовка на Буџетот за 2021 година да ги има предвид финансиските средства содржани во Информацијата и истите да бидат распоредени во буџетот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на МЗШВ, беше донесена и Одлука за утврдување на висината на референтните цени за извоз на флаширано вино, вино во буриња и вино во цистерни, која се утврдува според видот на пакувањето во кое се извезува виното, количината  и дестинацијата каде се извезува.

Одлуката е донесена согласно Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од влијанието на КОВИД-19, врз производството, откупот на грозје и винската индустрија.

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување на финансиска гаранција за плаќање по склучениот Договор за преземени обврски (обврзувачки договор за набавка), помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку COVAX механизмот  за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19.

Next Post

Европратениците со поддршка до Османи: Билатералните спорови немаат место во преговарачкиот процес со ЕУ

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk