Министерката за финансии Нина Ангеловска, вечерва на националната телевизија заедно со Премиерот Зоран Заевм пред новинари и уредници од повеќе медиуми, во емисија посветена на буџетот за наредната година, го образложуваа Предлог-буџетот за 2020 година и одговараа на прашања од новинарите.
На прашањата за младите и како да ги задржиме, одговори министерката за финансии Ангеловска:
Јас сум младата генерација, секако јас мислам дека политики за младите треба да се креираат од страна на младите и ние дефинитивно мораме да направиме сè што можеме да ги задржиме младите.
Како да ги задржиме?
Затоа ние викаме дека буџетот е фокусиран на инвестиции во човечкиот капитал. Тоа не е реформа која што ќе се случува преку ноќ, но на тоа долго време можеби не се посветувало внимание на тој начин, бидејќи во индексот на човечки капитал влегува: Образованието, едукацијата, здравството, значи – тоа се трите основни столба и за тоа ние инвестираме во човечки капитал од денес за следните идни генерации, и затоа што немаме магично стапче за да кажеме во следната година сега со ова мерка сите млади ќе ги задржиме тука.
Со креирање на подобри услови, продолжување на зајакнување на довербата и во институциите, имаме шанса да го оствариме тоа, а од друга страна мораме некако да тргнеме и сите од самите себе и да го смениме менталниот склоп и малку попозитивно да гледаме, малку да сакаме да работиме и учиме, одговори Ангеловска.
Новинарите констатираа дека прв пат, после една деценија, на МТВ отворено се зборува на дебата со Премиер и министер за финансии, за јавен долг.
Ј.Ѓ