ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Откупот на тутунот продолжи, производителите повторно се жалат на нереална проценка

December 14, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во осум часот утрово продолжи откупот на тутунот. Утре се очекува да бидат отворени сите пунктови. Но, производителите веќе се жалат на одредени нерегуларности при проценката поради што е неизвесно, како што велат, дали ќе се чека на средбата со министерот до петок, како што беше договорено, или порано ќе интервенираат.

-Пунтковите денеска се отворени, а утре ќе отворат сите. Засега, кај нас, некои од откупувачите повторно прават проблем. Ги враќаат луѓето, им го проценуваат тутунот како за пониска класа. Поради тоа, не сме сигурни дали ќе чекаме на средбата до петок. Ќе видиме како ќе тече откупот денеска и утре и според тоа ќе одлучиме дали можеби и порано ќе интервенираме, изјави за МИА претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, Менде Стомнаровски.

Тутунарите кои минатата недела мирно протестираа, незадоволни од проценката и откупната цена, во петокот имаа средба со откупувачите на која присуствуваше и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа. Беше договорено протестите да бидат ставени во времено мирување, а откупот на тутунот да продолжи денеска. Ситуацијата, како што беше речено, треба да се следи наредниве пет дена, а во петок да се одржи уште една средба во ист состав.

Тутунарите остануваат на барањето за реална проценка на родот и минимална откупна цена од 200 денари за килограм. Признаваат дека квалиететот е нешто послаб од претходните години, но не е, велат, и толку лош. Ако ситуацијата не се смени, најавија блокади.

Според министерот Хоџа, барањата на тутунарите се реални.

-Донесовме заеднички заклучок, од понеделник да продолжи откупот, поверениците да се вратат на вагите, вреднувањето на тутунот да биде како што треба, по Правилникот, а протетстите првремено нема да се одвиваат. Следниот петок ќе има дополнителен состанок во ист состав за да се види дали има подобрување во откупот. Врз основа на тие заклучоци, ќе одлучиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Тутнарите бараат да се цени нивниот труд, односно тутунот според Правилникот објавен од МЗШВ. Годинава многу малку е откупен родот поради протетсите и нзадоволството на производителите. Ако лани до сега беа откупени 40 отсто, сега се преземени само 1,6 проценти и тоа е загрижувачки. Сепак, има позитивни сигнали, особено што од состанокот претставниците на Одборот на тутунари излегоа задоволни, а и штом се прекинуваат привремено протестите можеме да кажеме дека имаме првичен договор, изјави Хоџа во петокот.

Засега просечната цена на тутунот е 165 денари, но тоа, според министерот, не треба да се земе предвид зашто сепак се откупени само 1,6 отсто од вкупно предвидените 370 тони.

-Ако тутунот се вреднува како што треба и со цената нема да има проблем. Законски можности за укинување на четвртата класа има, но да му дадеме шанса на дијалогот, подвлече Хоџа.

 

извор МИА.мк
Next Post

СДСМ со зголемен рејтинг во Штип - има 1 660 гласови повеќе од пред пет месеци

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk