Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, 59-годишниот Барак Обама и неговата тригодишна помлада сопруга Мишел, покрај статусот на политички „фигури“, уживаат и во статусот на познати личности.
Затоа, не е изненадувачки што јавноста и бројните таблоиди се заинтересирани за секој детал од нивниот приватен живот. Многупати е напишано за распадот на нивниот скоро 30-годишен брак и многуте пречки со кои се соочуваат во нивните „четири sида“. Сепак, таблоидот „Глоуб“ сега пишува дека Мишел и Барак се на работ на „конечна несреќа“, а причината за тоа не е ниту измама ниту љубомора, но ниту повеќе, ниту помалку од – книги.
Имено, двајцата по напуштањето на Белата куќа се посветија на својата кариера, но и објавија книги. Така што, Мишел пред две години ги објави мемоарите ‘Becoming’, една од најпопуларните книги на деценијата.
Сепак, поранешниот претседател, кој ја објави својата книга „Ветена земја“ минатиот месец, исто така „се фрли“ во пишување мемоари.
Сепак, токму ова доведе до уште поголеми проблеми во овој наводно веќе разнишан брак. Имено, ако им се верува на пишувањата на споменатите медиуми, Барак ужива во фактот што продажбата на неговата книга започна многу подобро од книгата на Мишел кога ја објави, и тој постојано и го споменувал тоа – како сол на рана.