ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Граѓаните мора да се свесни дека не треба да се собираат

December 15, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните мора да се свесни дека не треба да се собираат и да се групираат. Во целата борба, еден сегмент е здравствениот систем, другиот сегмент се инспекторатите, но третиот дел е свеста и совеста на граѓаните, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања пред поликлиниката Букурешт, Филипче рече дека не можат да ги ограничат собирите по домовите бидејќи тоа е противуставно и затоа во овој случај многу е важна свеста на граѓаните.

– Интервенираме со забрани таму каде законот ни дозволува, а со препораки, онаму каде законот не ни дозволува. Ние пробавме со закон да ги забраниме и домашните собири и слави, но излезе дека тоа е противуставно. Затоа почитувајќи го интегритетот на домот согласно Уставот и неможејќи да ги забраниме тие собири, огромен дел од оваа борба припаѓа на одговорноста, свеста и совеста на граѓаните. Мора да се свесни дека оваа криза мора да се надмине, дека не треба да се собираат и да се групираат, истакна Филипче по настанот на кој беа донирани две амбулантни возила од Комерцијална банка.

Новите мерки со кои би се ограничило работењето на угостителските објекти до 18 часот, според Филипче, се доволни во предновогодишниот и новогодишниот период. Сегашните мерки, како што посочи, даваат резултат, а доказ за тоа е стабилизирањето на бројот на новодијагностицирани и падот на факторот на преносливост на 0,95.

– Што значи дека овие мерки даваат резултат, но сепак стравуваме заради новогодишната атмосфера и можноста да се групираат луѓето, а угостителските објекти се места каде тоа се прави, епидемиолошката ситуација да може се влоши. Сметаме дека ова е сосем доволно затоа што и сегашните мерки даваат резултат. Иако даваат резултати, сепак ситуацијата е сеуште критична, се уште има голема бројка на пациенти и не смееме да дозволиме никакво опуштање. Даваме дополнителна рестрикција која сметаме дека сега е сосем доволна, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на епидемилошката состојба, Филипче информира дека се стабилизира бројот на новодијагностицирани и оти во изминатиот период има прилично еднаков број на слободни болнички кревети.

/МИА/

МИА

12:12 PM (10 minutes ago)

 to me
Macedonian
English
Translate message
Turn off for: Macedonian

 

МИА МК

 

ССМ бара УЈП со присилна наплата да обезбеди плата на оштетените работници

 

Скопје, 15 декември 2020 (МИА) – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара итно од Управата за јавни приходи (УЈП) блокираните средства да ги прераспределат на сметките на оштетените работници за плата, за да можат работниците да го надминат тешкиот период за нив и нивните семејства.

– Иако со поддршката за исплата на плати, која на барање на ССМ продолжи да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември и со која директно се зачуваваат работните места, со што до сега на 12.598 работодавачи им се исплатени вкупно 961.613.984 денари, за вкупно 61.556 вработени, повторно 179 несовесни работодавачи, на 338 работници не исплатиле плата за месец октомври, а за тоа добиле средства како финансиска поддршка за исплата на платите, посочуваат од ССМ.

Барањето на ССМ, финансиската поддршка да се исплати директно на сметките на работниците, додаваат, беше одбиено со образложение дека системот на УЈП не можел да го спроведе тоа.

– Истиот тој систем дозволи државата по четврти пат да биде изиграна и опљачкана од истите „газди“ за 5.271.771 денари од финансиската поддршка, така и за најмалку 2 милиона денари за придонеси кои ќе беа уплатени во државна каса, а со тоа и исто толку месеци работниците да останат без основна егзистенција и плата. Загрижува и фактот што голем дел од овие така наречени „газди“, се истите оние што на предлог на ССМ беа јавно објавени дека ја злоупотребиле и првата финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април, мај и јуни и против кои се поведени соодветни кривични постапки, нешто што никако не смеело да се дозволи да се случи, наведуваат од ССМ.

На работниците, додаваат, не им требаат долги процедури и постапки, туку им треба платата за овие месеци, па потребно е што поскоро да се овозможи да им се исплати истата на нивните сметки.

Next Post

ЕИБ: Морален императив е вакцините да бидат достапни за сите

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk