ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми: Не се три, има повеќе држави во ЕУ кои се против „погрешно толкување на историјата“

December 18, 2020 07:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не се три, има повеќе држави во Европската Унија кои се против „погрешно толкување на историјата“, изјави Едмонд Адеми, советник на премиерот за надворешна политика, во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21, зборувајќи за вчерашната одлука на три членки во ЕУ да застанат на страната на Северна Македонија со тврдење дека на Унијата премногу и попушта на Бугарија.

-Не се само овие три земји, Австрија, Чешка и Словачка, има и други земји кои се на вакво стојалиште, но ете само овие три беа гласни во презентирање на ставот. Ставот на овие три држави околу погрешната интерпретација на историјата праќа порака во смисла, сите кои сме учеле историја знаеме дека Европа има испреплетена историја и тешко е да се дефинира што е што, и дека погрешната интерпетација може да создаде проблеми и во самата ЕУ, па покрај проблеми со буџетот, Ковид, Брегзит, да имаат потреба од отворање на други големи прашања, па пораката е дека толкувањето на историјата да се остави на историчарите, а политичарите да ја интерперитраат сегташноста и да создаваат иднина,  вели Адеми.

Додава дека не би посочил друго име, од друга држава која го има истиот став како посочените три држави, но вели дека е јасно оти сите членки на ЕУ се на наша страна.

-Кога сите држави беа за усвојување на преговарачката рамка, само една држава беше против. Имаше серија на чекори кои се случуваа и стартот на преговорите требаше да биде круна на сето она што беше направено во изминатиот период, рече Адеми.

Посочува дека постојат определени разочарувања кај граѓаните и тие се оправдани во оваа фаза и дека неносењето на одлука за почеток на преговори го нарушува и кредибилитетот на самата Европска Унија.

-Пораките кои се испраќаат од Брисел кон државите кои се аспиранти не се добри, а Македонија е позитивен пример на Балканот, и ако најдобриот во регионот не може да се приклучи од непринципиелни причини, како да очекувакме дека некогаш ќе се договорат Србија и Косово,или како ќе се надмине внатрешната ситуација во Босна, па и Црна Гора. Кредибилитетот на самата институција се руши. Кога вакви одлуки се носеле и порано, рејтингот на ЕУ се менувал, имала поддршка и до 90 отсто кај нас и затоа сакам да верувам дека сепак мнозинството граѓани сме за ЕУ, затоа што нашата држава нема алтернатива, изјави Адеми.

Според него, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги преспа овие три години кога државата стана членка на НАТО и се бори за преговори во ЕУ.

-Немате сериозен партнер во опозицијата кога станува збор за стратешките определби на државата. Ние можеме да се караме за економија, образование и други домашни теми, но не и за државните интереси. Каракачанов еден ден спомена дека Договорот меѓу двете држави не е добар, а потоа Мицкоски излегува и вели нов договор, па чии интереси брани Мицкоски? Инаку, овој Договор е добар и треба целосно да се имплементира. Актуленото раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажа антидржавно поставување во однос на одбрана на интересите на државата, истакна Адеми.

Во оваа прилика потсети на заканата на Мицкоски дека државата ни се распрачува, иако ништо драматично не се случило.

-Протестите со 10 или 20 луѓе со говор на лидер на опозиција во кој најавува распарчување на државата е доказ колку е несриозен. Ако ваков е како лидер на опозицијата, како ќе ја води државата, но среќа е што нема да му се дозволи тоа. Ако некој пружил рака овие години во однос на стратешките интереси кон опозицијата тоа сме ние. Премиерот Заев отворено го канеше во Владата да се приклучи во преговорите со Грција, но Мицкоски никогаш не го направи тоа. Нема простор каде што можете да соработувате Мицкоски, тој ги преспа овие три години, дури немаше доблест да стане и да аплаудира за влезот на неовата татковоина во НАТО, рече Адеми.

Говорејќи за образованието во Република Северна Македонија, Адеми вели дека тоа е нарушено на повеќе нивоа и дека неговото реформирање мора да започне од темелите – од основното образование.

-Промените кои следуваат треба да се основаат на интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Учебниците воведени во основното образование во 2013 година воопшто не се одобрени од Меѓународниот институтот Кембриџ, кој никогаш не бил вклучен во развој на наставната програма по која сѐ уште се предава во училиштата. Учебниците имаат ниски оценки од Стручна комисија за оценување на квалитетот на учебниците, а донесени се под притисок на тогашната власт, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми.

Неквалитетните учебници, полни со дискримитароски содржини и нессодветна материја за возраста на учениците, како што додава, се голема пречка во обезедување квалитетно основно образование.

-Во рамки на предвидените реформи во образованието, потребна е и на промена на дидактичките помагала. Бидејќи децата во моментот учат од програма која до спроведувањето тука била применета само во Гана и некои села во Индија. Реформите кои следуваат мора да обезбедат подобрување на квалитетот на образовниот процес, поттикнување на индивидуалниот развој и аналлитичките способности на учениците.  Неквалитетните учебници и недостатокот од интегриран пристап во развивањето на досегашните наставни програми видливо се одразува на постигнувањата на учениците. Ова го потврдуваат сите домашни и меѓународни истражувања, вклучително и анализите на ОЕЦД, вели Адеми. дма/

 

Next Post

Блокирани заклучоците за проширување на ЕУ, Меркел очекува решение

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk